Скопската Хурем ги спакува куферите и замина во волшебниот Истанбул – македонски шик на кој никој не може да остане рамнодушен!
Македонски шик на истанбулските улици
Не знаеме за вас, но ние сме убедени дека македонските девојки одлично се снаоѓаат кога е модата во прашање.
Тие најчесто носат безвременски класици и во нив секогаш зрачат со елеганција и модерен, софистициран шарм. Тие секогаш мудро ги комбинираат, па изгледаат дотерано без премногу филозофија и мака. И токму затоа можат да бидат рамо до рамо со Французинките и Италијанките, кои со причина ја носат титулата кралици на стилот.
Еден мал, но прекрасен дел што ќе ни го покаже тоа можеме да видиме и на Инстаграм профилот на оваа млада дама.
Во прашање е Дани Ѓуровска која ја познава модата на мали прсти и која одлично се снаоѓа речиси со секој стил.
Шармантната модна блогерка Даниела Ѓуровска овој пат реши да ги спакува куферите и да го посети волшебниот Истанбул од каде објави серија прекрасни фотографии.
А како изгледа македонскиот шик на улиците на овој прекрасен град на Босфорот, погледнете во продолжение.
Македонскта Хурем носеше црн долг фустан со длабок шлиц кој го носеше со црна кожена јакна и црни хулахопки. Покрај тоа Дани носеше и зелени чизми, ракавици и црна маска која одлично ја вклопи во ова издание.
Инаку, Дани е модна дизајнерка и блогерка која со своите креации и модни комбинации им се вовлече под кожата на бројни љубителки на модата . Таа секогаш изгледа стокмено од глава до пети, а нејзиниот Инстаграм профил изобилува со совршени комбинации кои се одлична инспирација за голем број девојки. Во една пригода поразговаравме со неа, и на прашањето како би требало да изгледа една современа деловна жена, таа за „Гламур магазин“ изјави:
„Секоја жена пред се треба да знае што најдобро и прилега. ‘Ме лути’ фактот што кај нас луѓето многу често слепо им веруваат на модните трендови. Не секогаш она парче кое е најактуелно му прилега на секој. За една современа жена немам слика дека треба да е секогаш во класична бела кошула, црни панталони и потпетици. Напротив она што нејзе ќе ја направи да се чувствува удобно и самоуверено. Истата би рекла дека треба да секогаш да е во своето најдобро светло, од баба ми научив дека ни до најблиската продавница не се оди несреден, и тоа го применувам, не заради луѓето туку поради самата себе“.
Па, погледнете уште неколку нејзини модни комбинации и уживајте во нејзините прекрасни фотографии.