СИТЕ СЕ ИЗНЕНАДЕНИ КАКО Е ПОДЕЛЕН ИМОТОТ НА МАРИНКО РОКВИЌ! Сопругата Славица е главен виновник за се, инсистирала на ОВА
Пејачот Маринко Роквиќ по смртта ги остави зад себе неутешната сопруга Славица и трите сина.
Од бракот со Славица ги има Никола и Марко, а Дарио го добил во вонбрачна заедница.
Покрај желбата материјално да ги обезбеди, пејачот имал и голема желба неговите деца да живеат во мир и хармонија, а всушност тестаментот не бил ни напишан.
Тој одлучил имотот да го подели на еднакви делови на своите синови и на својот долгогодишен животен сопатник, сметајќи го за најправеден.
Меѓутоа, добриот однос меѓу браќата повеќе се должи на неговата убава сопруга Славица отколку на Маринко, бидејќи таа секогаш инсистирала браќата да се видат, да се дружат и да бидат пријатели… А Дарио секогаш кога доаѓал од Америка го пречекувала како свој син.
– Маринко од една страна беше палав човек, а од друга голем господин, но неговото семејство беше на прво место. Никогаш не ги разделуваше своите синови. Неизмерно ги сакаше сите тројца – изјави за тамошните медиуми пејачка блиска до Роквиќ.
– Им даде се што можеше, а она што го имаше стекнато во текот на животот и богатата кариера подеднакво го подели. Ниту синот Дариј не беше лишен, така да се каже, од љубов, внимание или недвижности и финансии што ги остави зад себе.
Со децата отворено разговараше за се, а со договор ги поделија предметите за сите во семејството да бидат задоволни. Не сакаше да замине и да остави зад себе синови кои ќе се тепаат за имотот. Видовте дека, како што доликува, беше испратен во своето вечно почивалиште, како што заслужува – вели изворот, а пренесува „Република“.