Сите сакаат да ги носат нејзините ФУСТАНИ- Ќе се изненадите како пее дизајнерката Елена Лука
Таа на инстагам објави видео како со бенд во ресторан ја пее песната „ Дај, не питај“ од „Викторија“.
Една од најпопуларните бизнисменки во Македонија, Елена Пандева, позната како Елена Лука е жена која е позната во високите кругови , но и на пошироката јавноста.
Модната дизајнерка е вистински тренд на нашиот пазар, сите познати дами сакаат да се облечат во креација со потпис на ЕЛ.
Таа направи бум на македонската модна сцена со гламурозните ревии , спектакуларни модни настани, но и отворањето на нејзиното луксузно модно ателје во Скопје.
Струмичанката не застана овде, набргу по нејзиното одлично застанување на сцената го отвори и модниот портал „Фешонел“ кој функционира и ден денес одлучно.
Елена Лука пред извесно време го започна и својот бизнис во градежништво.
Таа е многу зафатена жена, но многумина кои соработуваат со неа или се нејзини пријатели ја опишуваат како да е извадена од филм.
Секогаш знае што сака, прецизна е, перфекционист и конкретна, ќе речат нејзините соработници.
Но, она што многумина ги изненади е тоа како Елена пее.
Таа на инстагарм-профилот на Елена Лука објави видео како со бенд во ресторан ја пее песната „ Дај, не питај“ од „Викторија“.
Под видеото напишала „ИМЕНДЕН“. Ако преброиме добро се работи за празникот Св. Лука кој се одбележува на 31 октомври. Очигледно дизајнерката славела именден на нејзиниот син Лука. По чие име е крстен и нејзиниот бренд.
Погледнете како пее Елена:
View this post on Instagram