Сите на нозе, Јордан Митев направи „бум“ – вака се забавуваат Македонците
Цела публика на нозе, никој не остана рамнодушен на неговата песна.
Македонскиот пејач покажа како се прави одлична забава.
Јордан Митев е еден од најдобрите музичари во Македонија, кој освен талентот кој го поседува за пеење исто така и музички е поткован.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека Јордан свири на повеќе инструменти како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.
По потекло е од радовишкото село Подареш и секогаш искрено и со гордост зборува за својот роден крај, каде живее и денес.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
Тој е еден од омилените жители во ова радовишко село, а неговата куќа е една од најубавите со голем и убаво среден двор.
Јордан е вљубен во својата работа и важи за голем професионалец, а публиката тоа го препознава.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
Освен во Македонија, редовно настапува ширум дијаспората.
Кога тој ќе запее никој не може да остане рамнодушен, а доказ за тоа се и најновите фотографии направени за време на неговиот настап во Швајцарија.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
И стари и млади, буквално сите играа.
Сите ги знаеја песните кои тој ги пее и дефинитивно ова било свирка за која долго ќе се зборува и ќе се памети.