Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

СИТЕ МУ ЗАВИДУВААТ: Го прегрна, цела публика вреска – МАКЕДОНЕЦ се најде на бината на светски популарниот пејач!

Реклама

Мега популарниот рок-бенд „30 секунди на Марс“  викендов одржаа концерт во Белградската арена, а тоа автоматски значи дека еден од најпосакуваните артисти Џерад Лето, миленик кај помладата публика е многу блиску до нас.

Лето има милионска публика од фанови, и жени и мажи се полудени по овој актер, перформер, пејач…

Маркетинг

Нема да ви се верува, но едне скопјанец се качи на бината и не само тоа, имаше и краток разговор со Лето, па дури и го прегрна! Сега сите му завидуваат на ова момче.

Маркетинг

ВИДЕО ХРИСТИЈАН СО ЏЕРАД ЛЕТО

На објавата на Инстаграм скопјанецот потпишан под псевдонимот hrikoriko се пофали и напиша дека му кажал на Лето дека има тетоважа со името на бендот „30 секунди на Марс“ , дека ова му бил момент кој долго го сонувал.

На 33 години ми се оствари сонот! Ова чудовиште од човек @jaredleto ме зеде во раце, на сцената во Белград!
@30secondstomars ќе те сакам засекогаш, засекогаш ќе останеш обележан на мојата кожа со секоја тетоважа што ја имам!
Момент за умирање, 100% сигурен сум дека никогаш нема да заборавам – напиша hrikoriko.

А знаете ли кој е тој?

Се работи за Христијан Проданов јавноста го знае по тоа дека тој е првото дете родено во независна Македонија. Роден е на 9 септември 1991 година, три минути по полноќ, па така и станал првото дете родено откако Македонија стана независна.

Ќе се потсетиме дека лани Гламур направи интервју со него.

Првородениот во НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА: Би ги избришал сите договори, злодела кои се направени против Македонија, а би ги повторил сите победи

Тој е популарниот шармер и миленик кај децата кој е пзонат на јавноста како суперхеројот кој оваа година на Скопскиот маратон трчаше како Бетмен, а претходните години го видовме како Спајдермен, Супермен, Аквамен…

Неодмана во едно интервју , Христијан Проданов откри дека отсекогаш сакал да се маскира и да биде оригинален со својата маска, така што не ги купува маските туку  главниот „виновник“ за неговата уникатност е неговата мајка која му ги прави овие маски.

Овде можете да го погледнете целото интервју.

Го знаеме и како поп-пејач. Сме го виделе и на сцената на Макфест.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button