Сите знаеме дека сопругата на Горан Бреговиќ е вистинска убавица, но ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа неговата вонбрачна ќерка
Поранешниот фронтмен на „Бело дугме“, Горан Бреговиќ, има вонбрачна ќерка која што ја призна и со која е во одличен однос.
Тој своевремено беше во љубовна врска со девојка од Сараево која во тоа време се занимавала со танцување, а нејзината бременост се случи потполно непланирано. Во прашање е Јасенка која му ја роди вонбрачната ќерка Жељка. Таа денес живее во Австрија, мажена е и има деца.
Жељка не се експонира во медиумите и не се занимава со јавна работа, а како што пишуваат медиумите, таа денес е во одличен однос со својот татко.
Инаку, Горан е оженет со Џенана Суџука.
Тие се во брак 25 години и имаат три деца, но и покрај тоа за Бреговиќ се зборува дека има бројни јавни афери.
Со сигурност не може да се потврди дали е вистина, но едно е сигурно: Сопругата на Бреговиќ и на постари години е вистинска убавица!
Приказната за Бело Дугме
Бијело дугме е основен од Горан Бреговиќ којшто е роден во Сараево. Тој го минал поголемиот дел од своето детство во музичко училиште, учејќи да свири виолина, но од таму бил избркан заради недостаток на талент. Набрзо потоа, неговата мајка му купила гитара, и подоцна таа инвестиција се исплатила кога е формирано Бијело Дугме.
Горан Бреговиќ често пати признал дека негова главна мотивација за формирање на бендот била бидејќи “девојките повеќе ги сакале музичарите”. Бреговиќ е композитор на бендот и ги има напишано најголемиот број на текстови, иако некои од најпопуларните текстови на Бијело Дугме се напишани од други автори, на пример: „Има нека тајна веза“, „Главни јунак једне књиге“, „Шта би дао да си на мом месту“, „Пристао сам бичи све што хоче“ се напишани од Душко Трифуновиќ, „Да сам пекар“ и „Селма“ од Владо Дијак, „Лоше вино“ од Арсен Дедиќ и многу други.