Сите го сакаат Џамбо Агушев, но ретки се оние што го знаат неговото ВИСТИНСКО ИМЕ И ШТО ЗНАЧИ прекарот што го носи
Публиката го обожава Џамбо
Џамбо Агушев и Оркестарот Агушеви важат за едни од најдобрите и најуспешните музичари во регионот.
Тие досега освоиле бројни музички награди и признанија низ целиот свет, а Џамбо пред неколку недели беше прогласен за „Крал на ромската музика“. Имено, тој на јубилејната 50- годишна манифестација Денот на Ромите во соседна Бугарија ја освои оваа престижна наградата, заедно со пејачката Роксана која пак важи за кралица на бугарската музика.
Но и покрај тоа што Џамбо е еден од најуспешните музичари во нашата земја, навистина малкумина знаат кое е неговото вистинско име. Исто така интересна е и приказната за тоа како го добил прекарот Џамбо.
Неговото вистинско име е Исеин, а прекарот го добил кога имал само 11 години, и тоа од Ферус Мустафов.
Оваа тајна ја откри Џамбо во видео интервјуто за „Репортер“. Имено тој тогаш сподели со јавноста дека познатиот македонски саксофонист Ферус Мустафов, кога прв пат го слушнал како свири, му кажал дека е брз како џамбо-џет.
Инаку Џамбо е мошне активен на социјалните мрежи каде редовно објавува свои фотографии,
Тоа најчесто се фотографии од свирките на Оркестарот Агушеви, но и од неговото секојдневие.
Некои од нив погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев
Фото: Инстаграм/ Џамбо Агушев