Многумина се воодушевени од она што ќе го направи оваа девојка на нивниот погреб за само 2500 денари

Погреби во никој случај не можат да бидат забавни па многу повеќе се оние кои на последното испраќање одат со нелагодност од оние на кои тоа не им претставуваат никаков проблем.

Реално, погребите се кул само во филмовите, а токму на таа карта одлучи да игра и 26-годишната американска писателка и новинарка Дана Шварц. Таа на нејзиниот профил на Твитер откри што е подготвена да направи за 50 долари, а нејзиниот пост предизвика огромен интерес.

ADVERTISEMENT

„Ако ми платите 50 долари (околу 2600 денари), ќе се појавам на вашиот погреб, но ќе стојам далеку, ќе држам црн чадор без оглед на тоа какво е времето, за луѓето што ви дошле на погребот да помислат дека сте починале со некоја темна и интересна тајна” напиша Дана.

 

Нејзиниот пост наскоро стана вирален, и досега има собрано преку половина милион лајкова на Твитер.

Таа, исто така, ги наведе своите податоци за уплата, нагласувајќи дека очекува капар однапред. Исто така, потребен и е и некролог од весник за да може од другата страна да напише некоја шифра и да ја остави на гробот, па кога некој ќе ја најде да мисли дека тоа е права мистерија.

 

„Финтата“ е во тоа што кодот ќе биде тотална бесмислица.

Меѓу првите што се јавија беше нејзиниот колега Нил Џиман. „Ако ми ветуваш дека одвреме -навреме ќе ми ги избришеш образите со црнo марамче од тантела, ќе имаме договор“ напиша тој под нејзиниот вирален твит.

„Па тоа се подразбира”, му одговори таа.

 

„Одлично. Дали да те ставам во мојот тестамент или сега да ти испратам 50 долари и да верувам дека ќе ги убедиш луѓето што ќе дојдат на мојот погреб дека сум бил интересен човек “, ја праша овој корисник неговата пријателка.

 

 

Наскоро, Дана почна да ги споделува и останатите пораки што почнале да и пристигаат по објавата.

„Ќе ви дадам 75 долари ако му пријдеш на ковчегот пред да го спуштат, ставиш мала кутија на него и доволно гласно за другите да те слушнат кажеш ’Ех, само да знаат луѓето каков човек бепе’”, и напиша некој.

 

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed