Синот на Ѓорѓе Иванов прв пат го покажа својот наследник – малиот Ѓорѓе Јуниор ќе ви го стопи срцето!
Еве како изгледа внукот на поранешниот претседател на Македонија

Пред нешто помалку од една недела, Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, ја објави првата фотографија од својот син на социјалните мрежи и ги воодушеви сите.
Имено, Иван фотографијата ја објави на 8 септември, односно на Денот на независноста на Македонија, а под неа напиша.
„Знае сводот вечен, знае сиот свет…“ напиша Иван на фотографијата на која го држи својот син во рацете и двајцата свртени кон споменикот на најголемиот македонски јунак, Гоце Делчев.
Фото: Фејсбук/ Иван Иванов
Инаку, Иван е во среќен брак со убавата Јана со која минатата година во месец април се остварија во улога на родители.
Фото: Инстаграм
Тие се свршија во октомври месец 2021 година, а следната година во февруари направија интимна свадбена прослава.
Фото: Инстаграм
Од фотографиите што тогаш испливаа на социјалните мрежи можевме да видиме дека на прославата присуствувале само најблиските роднини и пријателите на брачниот пар, но и како изгледше невестата.
Фото: Инстаграм
Имено, таа за овој посебен ден избра венчаница во пастелна розова нијанса, со панделка под која се наѕираше трудничкото стомаче.
Фото: Инстаграм
По неколку месеци се роди и нивниот син кого среќните родители решија да го крстат по неговиот дедо, Ѓорѓе Иванов.
Фото: Инстаграм
Во продолжение погледнете и како изгледаше гордиот дедо Ѓорѓе, на прославата по повод раѓањето на неговиот внук.