Синот на Коста од „Преспав“ е вистински убавец – ќе се изненадите колку многу личи на својот познат татко
Синот на популарниот македонски актер е вистински убавец, а за неговите успеси допрва ќе се слуша.
Во серијата „Преспав“ е голем заводник, а во реалниот живот актерот Игор Ангелов е семеен човек, посветен на сопругата и синовите.
Игор може да се пофали со богата кариера, но улогата на Коста, еден од браќата Бузалевски, во серијата „Преспав“, му донесе огромна популарност.
ФОТО: Фејсбук
Децата пак, го обожуваат Игор заради улогата на Цветко во ТВ серијата „5+ Фамилија“.
Тој вели дека граѓаните го стопираат на улица многу често и се однесуваат како да разговараат со Коста Бузалевски.
ФОТО: Фејсбук
Приватно е сосема поинаков од Коста.
Сопруг е на Евдокија и татко на двајцата синови Јаков и Андон.
ФОТО: Фејсбук / Евдокија Ангелова
Секоја година прави свое вино, живее во куќа во Брадовци, има свое лозје, а во бавчата одгледува органска храна.
Со неговата сопруга Ева се запознале во средно училиште, кадешто учеле заедно. Вели дека нејзе добро ѝ одело математика, а нему не, па морал да зема часови од неа.
ФОТО: Фејсбук / Евдокија Ангелова
Андон е сѐ уште мал, но Јаков е веќе полнолетен и максимално е посветен на свирењето виолина.
За неговите успеси допрва ќе се слуша.
ФОТО: Фејсбук/ Евдокија Ангелова
Игор не е многу активен на социјалните мрежи, но понекогаш знае да сподели и некоја семејна фотографија.
Од фотографиите може да се забележи дека Јаков е копија на тато.
Погледнете: