Синот на Зуица Лазова и Наум Петрески порасна во вистинско момче – НЕВЕРОЈАТНО МНОГУ личи на својот познат татко!
Малиот е копија на татко му…
Познатата естрадна двојка Зуица Лазова и Наум Петрески се во брак скоро две децении, а круна на нивната љубов се нивните деца кои го наследиле талентот од своите родители.
Имено, познатиот фолк-пејач Наум Петрески од бракот со македонската пејачка и професорка по хармоника ја има ќерката Македонка и синот Стефан.
Пејачот претходно 20 години беше во брак со Верче, и од овој брак ги има ќерките Анастасија и Сања со кои е во одлични односи.
И додека Македонка, која е постара, судира соло пеење, Стефан кој е помал од неа, свири на гитара.
Како што неговиот татко во една пригода ќе изјави, и тој го наследил талентот на своите родители па убаво пее, но дали музиката ќе ја избере како професија во животот, останува тој самиот да одлучи.
Оние што ги познаваат Зуица и Наум имаат само пофални зборови и за нив како родители, но и дека нивниот наследник е слика прилика на својот татко. Имено, Стефан и покрај тоа што се уште е основно училиште, тој порасна во вистинско момче и се повеќе наликува на својот татко.
Тоа впрочем можеме да го видиме и од фотографијата што Зуица неодамна ја објави и на која ужива со својот наследник.
Тие се фотографирани на плажа, и двајцата носат кожни рокерски јакни, а малиот Стефан има долга коса и неверојатно личи на татко му.
Повеќе фотографии од Зуица и Наумче, погледнете во продолжение:
Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова
Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова
Фото: Фејсбук/ Македонка Петреска
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески