Синот на Брена раскинал со девојката заради својата мајка?! Таа била премногу провокативна за вкусот на познатата свекрва?!
Раскинал со девојката заради мајка му?
Виктор Живојиновиќ наводно се разделил од својата девојка, Сандра Миљаковиќ, уште пред неколку месеци.
Како што пренесуваат медиумите, во цената работа „замешала прсти“ мајката на Виктор, Фахрета, попозната како Лепа Брена.
Наводно, нивната врска била осудена на пропаст.
„Виктор се уште не е зрел и не планираше да се жени, а Сандра тоа го сакаше многу. На неа и беше цел да влезе во семејството Живојиновиќ, но Виктор имаше други планови. Тој се уште е неизживеан, млад и сака да патува. Константно патува и сака да се забавува, а таа мислеше дека ќе ја запроси. Неодамна требаше да прослават годишнина, но тоа не се случи“.
„Тие се разделија претходно, вели извор кој воедно додаде и дека на Брена снаата воопшто не и се допаднала“, пишува порталот Ало.рс
„Изгледа Сандра не покажала доволно респект кон Брена, а тоа не смееше да и се случи. Покрај тоа Брена не сака многу провокативни девојки и оние што излегуваат многу, а Сандра е млада и сака да се забавува. Така што една од причините за раскинување беше и тоа што Сандра не и се допадна на мајката на Виктор“, тврди добро упатен извор за Ало.рс.
Како што пишуваат медиумите, конфликтот помеѓу Брена и Сандра се случил наводно за време на одморот во Дубаи.
Пејачката тогаш наводно постојано сакала да биде со својот син и неговата девојка, што и пречело на Сандра.
По некое време Сандра и Виктор решиле да се разделат, но повторно се смирија во јули.
Инаку, медиумите и неодамна пишуваа дека Виктор и Сандра се разделиле, иако претходно се шушкаше дека планираат да направат голема свадба кога условите (заради епидемијата) ќе им дозволат да го направат тоа.
Овие гласини беа поттикнати и од тоа што Виктор замина на одмор со неговите родители на црногорското приморје, каде ужива на нивната јахта, додека шармантната Сандра се забавуваше сама со своите пријателки.
Тие тогаш успеаја да ги надминат несогласувањата, но очигледно тоа не траеше долго време.
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ