СЗО донесе одлука после која ќе следува хаос: Се укинуваат забраните, отворање на границите на сите држави!?
Отворените граници не претставуваат одржлива стратегија во борбата против коронавирусот, порачаа денеска од СЗО.
– На државите ќе им стане речиси невозможно во блиска иднина да ги држат своите граници затворени, порача д-р Мајкл Рајан, директор на итни ситуации во СЗО, истакнувајќи дека стопанството мора да се покрене, луѓето да патуваат, а трговијата да продолжи.
Истовремено, високиот претствник од Светската здравствена организација призна дека е тешко да се има глобална стратегија, со која, на светско ниво, единствено би се спречиле ризиците од коронавирус.
Мерките за рестрикција на патувањата, според Рајан би требало да се ускладат со останатите мерки во борба против ковид 19.
Многу земји во овој момент контролата на границата ја гледаат како еден од важните начини на борба против актуелната пандемија. Огромен број членки на ЕУ денеска го филтрираат влезот на нивната територија.
Велика Британија, така воведе 14-дневен карантин за сите патници од правец на Шпанија, земја во чии одредени делови, како што е Каталонија, епидемијата повторно се распламти.
Од Лондон порачаа дека од близу следат како се развива состојбата во Франција и Германија.
Францискиот премиер Жак Кастекс на граѓаните од својата земја им советуваше ова лето да не одмараат во Каталонија.
ЕУ до крајот на оваа недела би требало да излезе со обновен список на трети земји за кои ќе препорача да ги кренат рампите на своите внатрешни граници.