Се славеше во домот на Шекеринска: Политичарката се огласи на Фејсбук – погледнете каков подарок доби
Во домот на македонската политичарка имаше убава причина за славење, па таа и самата се огласи на Фејсбук.
Шекеринска се пофали каков подарок добила и како го прославила својот роденден.
Некогашната премиерка и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска се труди својот приватен живот да не го изложува често во јавноста, но овој пат одлучи со своите следбеници да открие како го прославила својот роденден.
Што се однесува до професијата, таа е доста посветена и успешна сиве овие години.
Кога станува збор за приватниот живот, таа е посветена сопруга и грижлива мајка.
Она што ѝ е познато на јавноста е тоа дека долги години е во брак со бизнисменот Божидар Јанковски.
Круна на нивната љубов е нивната ќерка Ада.
Бобо и Радмила се трудат да го сочуваат својот семеен мир и хармонија далеку од очите на граѓаните.
Секој слободен момент го користат да го поминат со ќеркичката Ада, а најголем спокој имаат во нивната викендичка во Маврово.
Најмногу уживаат во моментите поминати заедно. Како и сите други семејства и тие знаат заеднички да приготват по некое јадење дома, а Ада најмногу сака да пече палачинки со својата мајка и да прави леб и пица со својот татко.
Секое слободно време го користат да се заедно, но и на спортски активности.
Некогашната министерка ја раситни шестата деценија, иако тоа воопшто не е видливо на неа.
На својот Фејсбук профил сподели фотографија од букетот кој го добила по повод 51. роденден и откри на кој начин се славело овој пат кај нив.
ФОТО: Фејсбук / Радмила Шекеринска
ФОТО: Фејсбук / Радмила Шекеринска
ФОТО: Фејсбук / Радмила Шекеринска
ФОТО: Фејсбук / Радмила Шекеринска
ФОТО: Фејсбук / Радмила Шекеринска
ФОТО: Фејсбук / Радмила Шекеринска
ФОТО: Фејсбук / Радмила Шекеринска