Наши ѕвезди

Се славеше во домот на Орце и Дракче Стевковски: Водителката објави досега невидена фотографија и напиша емотивна порака

Advertisement

Драгица и Орце Стевковски важат за еден од најскладните парови на македонската јавна сцена.

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

Тие се веќе долги години во брак и се вистински пример како љубовта може да ги помине сите бариери.
Драгица или како што народот милува да си ја нарекува Дракче е позната водителка и нумеролог. Народот ја знае по нејзината емисија „Патот на светлината“, во која таа им ги толкуваше соништата на своите гледачи.

Advertisement

Орце е популарен пејач на патриотски песни, кој зад себе има оставено ризница хитови, кои ги знаат и пеат и помладите генерации.

ФОТО: Орце Стевковски / Фејсбук

„Убава Калина“, „Царот Неготински“, „ Пукнала мајко треснала“, „Глас се слуша, плач и лелек“ , „Се заљубив на стари години“, како и познатата песна „Од кај дојдовте“, се песните кои кај секој Македонец будат убави чувства.
Дракче и Орце се 37 години во брак. Плод на нивната љубов се нивните две ќерки Ангелина и Александра, а најголема радост им се петте внучиња: Јана, Андреј, Марко, Ема и Алек.

ФОТО: Орце Стевковски / Фејсбук

Својот спокој го наоѓаат во нивниот дом во селото Ржаничино, Петровец во Скопје.

Advertisement

Во едно свое интервју таа истакна дека за да се зачува еден брак потребно е многу разбирање и правење отстапки.
И покрај тоа што живееме во земја каде секој сака да дознае што се случува кај соседот, Дракче смета дека клучот за хармонијата во домот е во тоа да се слуша само мислењето на блиските.

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

Орце и Дракче се доста активни и на социјалните мрежи.

Пејачот почесто споделува и снимки од своите настапи.

На 4 мај, на годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев тој ја сподели својата песна „Глас се слуша, плач и лелек“, која ја сними во чест на гоце Делчев. Орце под објавата напиша: Во чест и вечна слаба на великанот Гоце Делчев.

Деновиве во нивниот дом имаше голема причина за славење.

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

Имено, Дракче и Орце славеа годишнина од брак.

Водителката на својот Фејсбук профил сподели никога досега видени фотографии.

Една од фотографиите е и од денот на нивната свадбена церемонија. Мора да се признае дека и пејачот и водителката не се имаат многу променето и се уште ги имаат фризурите по кои се препознатливи.

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

„18 мај 1984, судбоносно ДА… И сега Заедно“, напиша Дракче во опис на фотографиите.

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

Во интервју за Свет-Австралија, Дракче откри дека таа и Орце се запознале во автобус, кога таа имала 19 години, а тој 23. Вели тоа било љубов на прв поглед. Четири дена после нејзината матура таа му кажала и официјално „да“ на Орце.

Освен што е водителка, таа е и нумеролог. За едно списание таа изработуваше и дневен хороскоп, но и нумерлошки карти на познатите личности. Вели дека предвидела дека пејачот Влатко Илиевски ќе ја претставува Македонија на песна за Евровизија, но и дека Ѓорѓе Иванов ќе стане претседател.

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

„Во тажните моменти.. да се потсетиме и на убавите моменти… Во едно убаво време кога јас работев во тогаш најгледаната и најпопуларна телевизија А1 освен тв .програмите имавме и многу читани весници и списанија мегу кои беше таблоидот КРЕМА и списанието ЛАНОВА за кое ги изработував дневните хороскопи и нумеролошките карти за познатите личности..

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

Во тоа време имав изјава за КРЕМА дека ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ ке биде нашиот преставник на Евровизија..а претседател ГОРГИ ИВАНОВ….. ИМ беше чудно на новинарите од каде таа моја изјава и кои се личностите..но потоа се случија и двете работи..подоцна самиот Влатко сакаше нумеролошка карта и по негова зелба и по желба на уредникот многу познатиот ЗОРАН ВАСИЛЕВСКИ ФАЦИ го направивме и тоа ..подоцна следуваа и други..

ВЛАТЧЕ беше момце со една таква насмевка на шармер а во исто време и на дете ..со отворени оци слушаше се што казував за него…музика ..песни ..театар ..светла..тоа му беше животното мото..

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

Бог да му ги отвори рајските порти..и нека му даде мир… Приложувам едно зачувано списание Крема.од 2011 г ..доколку Зоран Фаци има во архив нека ги приложи и другите…Зборувајте за мртвите за да живеат со нас“, напиша Дракче на Фејсбук.

Таа откри и каква ќе биде оваа 2021 година.

„2021 ќе биде година на искушенија, но и година со успеси на некои полиња. Бидејќи влегуваме во годината како 1.01.2021, тоа вели дека ќе имаме успеси во однос на распознавање и публицитет во светски рамки, преку многу промоции и остварувања на успешни луѓе. Македонија во 2021 година ќе се најде во многу политички превирања, немири, излегувања на улици, негодувања.

Многумина ги интересира економскиот и здравствиот проблем, бидејќи една година поминавме со Ковид и економска криза. Првите четири месеци ќе бидат скоро исти, тешки, макотрпни и со барање енергија плус. Веќе од 5-от месец ќе почнеме да се движиме кон некоја цел. Но, за жал 6 месеци ќе бидат со чувство на вадење како од под урнатини“, кажа Стевовска за „Фокус“.

ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук
ФОТО: Драгица Стевковска Дракче / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button