Се славеше во домот на Зуица Лазова и Наум Петрески – пејачката пресреќна, објави преубава вест
Се славеше во семејството на познатите музичари
Ова беше посебен ден за пејачката Зуица Лазова
Нашата позната фолк-пејачка Зуица Лазова го прослави својот 49 роденден, па цел ден на социјалните мрежи добиваше честитки.
Познатата македонска фолк-дива доби голем број честитки на социјалните мрежи, а најубавите секако ги доби од своите две деца што ги има со популарниот пејач Наум Петрески.
Потсетуваме, Зуица е родена во Штип, а нејзините родители, Донка и Ристо починале за време на нејзината младост.
Фото: Фејсбук/ Зуица Лазова
Зуица веќе долги години е во бракот со пејачот Наум Петрески и плод на нивната голема љубов се децата Македонка и Стефан.
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Покрај својата кариера како пејачка, Зуица е и професорка по хармоника, а долго време ја водеше и емисијата „Зајди, зајди“.
Фото: Инстаграм/ Зуица Лазова
Што се однесува до нејзиниот стил, таа е секогаш средена од глава до пети и блеска каде и да се појави.
Впрочем тоа може да се види и од нејзините фотки на Инстаграм, а некои од нив погледнете во продолжение…