Се сеќавате на цигарите „МТ Филтер“ – нема да ви се верува колку пари ги продаваат на Фејсбук

На овој оглас случајно налетавме на социјалните мрежи

На една страна за огласи на социјална мрежа Фејсбук се продава кутија цигари „МТ Филтер“ само за колекционери и тоа со почетна цена од 100 евра.

ADVERTISEMENT

И како што тоа обично се случува, цената предизвика дискусија меѓу корисниците на оваа социјална мрежа. Според едни цената за само една кутија цигари од 100 евра е преголема, па и покрај тоа што се работи за производ од минатото кој повеќе не може да се најде на пазарот, додека други го бранеа оној што ги објави фотографиите и бараше понуда напоменувајќи дека истата е наменета само за колекционери.

Но покај овие коментари имаше и многу кои се присетија на минатото кога овие цигари беа популарни во Македонија, па така под фотографиите можете да прочитате коментари како „МТ Филтер – Мојата прва љубов“ или „Едно време овие цигари вредеа 19 денари, ги пушеше дедо ми“ и сл.
.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed