Реклама
Вести

СЕ СЕЌАВАТЕ НА НАЈУБАВИОТ ЗАТВОРЕНИК – Еве како изгледа денес ФОТО

Реклама

Биографијата на најубавиот затвореник Џереми Микс е вистинска филмска приказна

Џереми Микс (39) стана светска сензација во 2014 година. Жените ширум планетата беа маѓепсани од овој прекршител на законот. Кога полицијата ја објави неговата фотографија од затвор, следеше ураган од реакции кои никој не можеше да ги замисли.

Маркетинг

Џереми потоа беше осуден на 27 месеци затвор за нелегално поседување оружје и учество во злосторства со Northside Gangster Crips.

Но, никој немаше поим дека наместо бројни осудувачки реакции, ќе има повици од модни агенции, филмски агенти, но и бројни жени, кои сите сакаа да стапат во контакт со овој самобендисан криминалец.

Маркетинг

Неговата популарност беше во пораст, а тој знаеше многу добро да ја искористи. Откако го остави криминалниот живот зад себе, Микс стана дел од светот на шоу-бизнисот, а личноста која му помогна во тој процес беше Поша Стори, ветеран кој го зеде под своја закрила. Мик откри дека имал можност да глуми во неколку филмови и ТВ емисии во изминатите години, што укажува на неговиот брз подем во актерскиот свет.

Во едно од интервјуата пред неколку години, тој ја отвори душата и ги опиша болните моменти од неговата животна приказна:

– И двајцата мои родители беа наркомани. Се родив зависник од хероин затоа што мајка ми го земаше кога беше бремена со мене. Моето детство беше многу темно. Татко ми ја убил пријателката на мајка ми кога имав девет месеци. Тој ме бараше мене и мајка ми, а таа беше единствената што знаеше каде сме. Подоцна сфати дека сме го изнајмиле станот над неа. Ја избодел – се присетил Џереми Микс.

По ова злосторство, неговиот татко доби доживотна затворска казна, а тој порасна со мајка му во ужасни услови.

За време на прес-конференцијата, Поша го истакна талентот за глума на Микс, поврзувајќи го со богатите животни искуства што ги стекнал.

Исто така, беше откриено дека Микс морал да „оди на темни места“ за да се подготви за своите улоги, што укажува на длабочината што ја внесува во својата актерска работа, објави TMZ.

Откако го напушти затворот, Џереми беше фотографиран со Клои Грин, ќерката на британскиот милијардер Филип Грин, а се покажа дека е скандал од епски размери бидејќи Џереми во тоа време бил оженет. Меѓутоа, по некое време и оваа љубов заврши.

– Не можам да лажам. Се чувствувам многу благословен. Се молам мојата приказна да стигне до рацете на сите што треба да ја прочитаат. Зборувам за толку многу што никој не знае освен сите. Не очекувам, но барем ќе излезе мојата вистинска приказна. Сакам да му се заблагодарам на мојот тим – напиша Џереми неодамна на Инстаграм и ја објави својата автобиографија која наиде на големо одобрување кај фановите кои го следеа неговиот развојен пат во претходните години.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button