Се сеќавате на Илма Карахмет од „Икс Фактор“? Се пријави во ново шоу и го расплака жирито

Во Хрватска не сум актуелна, но сакав да се покажам

Илма Kарахмет (18) пред пет години се натпреваруваше во шоуто „X Factor Adria“ кога стигна до полуфиналната емисија. Од тогаш има снимено три песни, а во музички шоуа се нема појавено се до оваа година.

ADVERTISEMENT

Во саботата се појави во хрватските Ѕвезди каде го воодушеви жирито составено од Тончи Хуљиќ, Нина Бадриќ, Петар Грашо, Жак Хоудек (Jacques) и Андреа Андраси (Andrassy), како и бројната публика.

Не очекував толку добри реакции од жирито и бев навистина воодушевена што прв пат се појавувам во натпревар во Хрватска. Најважно е дека се покажав во добро светло, а како ќе биде понатаму, ќе видиме наскоро, вели Карахмет за тамошните медиуми.

Откако младата Босанка ја испеа севдалинката жирито остана без зборови, а Нина и Андреа дури и заплакаа.

„Знам дека Амира Медунјанин во Хрватска супер котира со севдалинките и тие на некој начин мене ме гледаа низ Амира и нејзината работа. Мислеа дека интензивно се занимавам со севдалинки, не знаејќи дека добро се снаоѓам во народна, поп и други музички жанрови. Сепак, севдалинката е нешто што го носам во срцето и душата и нешто од што почнав“, вели таа и додава: „Во Хрватска не сум нешто актуелна, а би сакала да се покажам пред луѓето кои се компетентни да ме оценат и да го кажат своето мислење. Всушност по моето детско искуство во ријалитито „X Factor Adria“ одлучив повторно да застанам на свои нозе“, вели пејачката.

 

Поддршка од сопругот Седин

Инаку, Имла пред неколку месеци се омажи за Седин Лукач, кој во моментов и е најголема поддршка.

Сама одлучив да се пријавам, а добив поддршка од сопругот, семејството и пријателите. Многу ми значи што тие се покрај мене и што внимателно го следат секој мој чекор, беше искрена Карахмет.
.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed