Реклама
Вирално

Се сеќавате на девојката што потсетува на Анџелина Џоли во морничаво издание? Ја уапсија и НИКОЈ не знае што ќе се случи со неа

Реклама

На почетокот се шушкаше дека има направено преку 50 операции за да личи на познатата холивудска актерка, но повеќето слики на нејзиниот инстаграм се поприлично доработувани во Фотошоп.

Фото: Инстаграм (@sahartabar_officialx)

Медиумите јавуваат дека младата Сахар Табар е уапсена. Таа е Инстаграм ѕвезда од Иран која беше позната по постовите кои покажуваа дека ги преминала сите граници за да изгледа како американската актерка Анџелина Џоли. Уапсена е заради злочин кој вклучува богохулење и поттикнување на насилство, јави новинската агенција Тасним.

Девојката минатата година заврши во светските медиуми со нејзините вирални фотографии. Иако на почетокот се шушкаше дека има направено преку 50-на пластични операции за да „личи“ на Анџелина, повеќето нејзини фотографии беа преработувани во Фотошоп.

Маркетинг
Фото: Инстаграм (@sahartabar_officialx)

Младата девојка го привлече вниманието со своите фотографии и видеа што ги објавуваше на социјалните мрежи и во кои потсетува на она што е опишано како зомби верзија на познатата холивудска актерка, известува аналитичарот за блиски исток на Би-Би-Си, Себастијан Ашер.

Фото: Инстаграм (@sahartabar_officialx)

Сахар откако ја запрепасти и исплаши публиката на Инстаграм со својот изглед, таа призна дека голем дел од нејзиниот изглед го постигнува благодарение на шминка и Фотошоп.

Маркетинг
Фото: Инстаграм (@sahartabar_officialx)

Судските власти ја уапсија откако според наводите во јавноста, некои се жалеле на неа, пренесува Тасним.

Фото: Инстаграм (@sahartabar_officialx)

Од властите е обвинета за богохулење, поттикнување на насилство, незаконско стекнување на имот, навреда на правилата за облекување во оваа земја и поттикнување на младите да започнат корупција.

Фото: Инстаграм (@sahartabar_officialx)

Нејзиниот Инстаграм е избришан, а таа им се придружи на бројните инфлуенсери и модни блогери од Иран кои го прекршиле законот и се најдоа зад решетки.

Фото: Инстаграм (@sahartabar_officialx)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button