Се сеќавате ли на фаталната „Жена во црвено“? Нема да ви се верува како денес изгледа убавицата која некогаш беше сон на секој маж

Неверојатна промена на фаталната Кели

Иако никогаш нема признато колку естетски зафати има направено на лицето, само еден поглед на 59-годипната Кели Леброк е доволен за да заклучите дека претерала со пластичните операции. Некогашниот секс симбол од 80-тите денес изгледа непрепознатливо.

ADVERTISEMENT

Кога во 1984 излезе филмот „Жена во црвено“ многу мажи ширум светот му завидуваа на актерот Џин Вајлдер. Тој имаше прилика да ги снима сцените со убавицата Кели Леброк која пред да се појави на филмското платно беше една од најуспешните манекенки на светот.

Таа набргу стана сон на секој маж, но само на еден му припадна честа да биде со неа – славниот актер Стивен Сигал. Нивниот брак во најмала рака беше турбулентен и беше само продолжување на лошиот период низ кој фаталната „жена во црвено“ минуваше како манекенка.

Имено, не е тајна дека за време на своите манекенски денови навлезе во светот на дрогата, па во еден момент имала само 45 килограми. За да се одвикне од пеколот на дрогата Кели ќе реши да го напушти Лондон и ќе замине за Њујорк, но таму ќе стане зависна од Сигал.

Кели и Стивен беа во брак девет години, а разводот потполно ја уништи. Таа тешко го поднесуваше тоа што медиумите постојано пишуваа за нивниот турбулентен брак и развод, па за децата да не ги слушаат пикантериите за нив, таа ги исфрлила сите телевизори од дома.

Поради овие проблеми се повлече од Холивуд, и се пресели на ранч во Санта Барбара. Таа потоа ќе се врати на филмското платно, но успехот од 80-тите повеќе никогаш не го повтори. Многумина и замерија што ја уништила својата убавина со бројните естетски зафати. Иако никогаш јавно не призна за пластичните операции што ги има направено, промените на нејзиното лице се и повеќе од очигледни.

Денес има 59 години и изгледа непрепознатливо.

Facebook Comments
(Visited 10.488 times, 1 visits today)
Loading...