Се сеќавате ли на Синем од серијата „Малиот ага“? Беше една од НАЈУБАВИТЕ Турчинки, погледнете како изгледа сега!
Обожававме да ја гледаме во „Малиот ага“
Бирче Акалај која што ја толкуваше Синем, мајката на малиот ага во истоимената серија, направи хаoc на социјалните мрежи.
Имено, познатата турска актерка која се прослави со својата генијална улога во „Малиот ага“, но и со прекрасната Асли во хит серијата „Црно-беа љубов“, долго време се занимаваа со танцување, па на Инстаграм каде има неколку милиони следбеници, сподели видео.
Во прашање се две и пол минути од кои можеме да уживаме додека ја гледаме како танцува танго.
„Мојот прв танго по долгата пауза. Му благодарам на мојот тренер шампион“ напиша таа под црно-белото видео.
Видеото за многу кратко време доби голем број лајкови, но и позитивни коментари од бројните фанови.
Да потсетиме, Бирче Акалај е турска актерка родена на 19 јуни 1984 година во Истанбул. Таа заврши средно училиште „Pera Fine Arts“ во 2003 година, а потоа се запиша и завршува глума на театарското одделение на конзерваториумот и универзитетот „Халич“.
За време на студиите, во 2004 година се натпреваруваше на „Мис Турција“ и го освои престижното на 3-то место.
Прв пат на малите ТВ екрани се појавува во серијата Аси каде што толкува спореден лик. Потоа нејзината кариера почнува да се движи по нагорна линија, а моментално ја глуми една од главните улоги во серијата Бабил.
Таа исто така работи и како професор на театарското одделение на универзитетот Халич и учествува во музичкото шоу „Benimle Söyle“ како главна судијка.
Зад себе има два брака и тоа со Мурат Уналмиш (2011-2012) и Сарп Левендогулу (2014-2017) со кого ги толкува главните ликови во „Малиот ага“. Тие двајцата се запознале во јануари 2014 на сетот на снимањето на „Малиот ага“ во кој играа брачен пар чија врска стои на лабави нозе.
Набргу ќе се заљубат еден во друг и во вистинскиот живот и истата година ќе застанат на лудиот камен.
Но по три години медиумите почнаа да пишуваат дека нивниот брак се распаѓа, што на крај излезе вистина.
Причина?
Наводно згодниот Сарп и во бракот не се откажал од своите момачки навики да биде во друштво на убави и млади девојки.
Па така, при крај на 2015 година, на снимањето на филмот „Делиорман“, во кој игра и Бирче, тој ја запознал младата актерка Дерја Шенсој, со која во летото 2016 уживаше на познатото егејско одморалиште Датча.
Бирче во тоа време во Истанбул се подготвуваше за новата серија „Животот понекогаш е сладок“, која исто така постигна голем успех, а на новинарите им зборуваше дека сопругот заминал со другарите на риболов. Но по некое време таа ќе ја сфати ситуацијата и парот почна да живее одвоено.
Таа на социјалните мрежи ќе ги избрише сите заеднички фотографии, но тој ќе ги остави. Сепак, во јануари ќе се разведат. Турските медиуми тогаш пишуваа дека Бирче својата тага ја лечи со песна, а Сарп не сакаше многу да зборува за пропаднатиот брак.
Младата Дарја Шенсој, која во тоа време беше во врска со колегата Сечкин Оздемир, негираше дека е во врска со Сарп. Но Сечкин реши да ја остави и како што пишуваат медиумите, сега кога ќе ја сретне не сака ни да ја поздрави.
Инаку, ова не е единствениот брак на убавата Бирче. Таа во 2011 на снимањето на серијата Љубов, вера и надеж, се сврши со колегата Мурат Уналмиш кој што го играше Јусуф, нејзината голема љубов. Но, за жал, и оваа врска нема долго да потрае – тие ќе се разделат по само неколку месеци, па ќе се смират, но во 2012 дефинитивно ќе се разведат.
Можеби и за неа важи онаа старата – трета среќа!