Се сеќавате ли на Зорана Стефанов? Се породи и објави фотографија од породилиштето. Го откри и името и полот на бебето

Пејачката и поранешната девојка на Филип Ѓукиќ, Зорана Стефанов, се породи и роди ќерка.

Зорана е поп-фолк пејачка која се прослави со учеството во „Пинк ѕвезди“ и ријалити-шоуто „Задруга“.
Таа е родена на 1 август 1996 година во Обреновец и веќе со години живее во Белград.
Публиката ја запозна во 2016 година како една од подобрите натпреварувачки во „Пинк ѕвезди“ каде се пласираше во самото финале, а потоа го снимаше и спотот за „Пе*ицилин“, својот прв сингл кој одлично беше прифатен од публиката.

Нејзините фанови на Инстаграм, откако дознаа за среќните вести, не престануваат со честитките, а гордата мама откри и дека роди ќеркичка и дека ќе се вика Ена.
Таа сподели и фотографија од породилното пред самото породување на која носи маска.

Зорана веќе повеќе од една година ужива во љубовта со саканиот Немања, но и покрај тоа што се уште се занимава со пеење, веќе подолго време не се експонира во јавноста.

Таа беше и учесничка во ријалити-шоуто Задруга, каде се впушти во романса со Филип Џуќиќ, која што траеше кратко. По излегување од шоуто, Зорана се појави и во „Ѕвездите на Гранд“, што заради својот договор не смееше да го направи, а потоа потполно се повлече од медиумите.

Инаку, Зорана има тешко детство зад себе. Таа не крие дека некогаш живееле во немаштија, посебно откако нејзиниот татко Дејан ја напуштил мајка и’ Жаклина, и заминал во странство. Таа и нејзините браќа и сестри тогаш имале поддршка само од бабата и дедото на Зорана од страната на мајката, па затоа денес ретко зборува за својот татко. Пејачката во една пригода призна дека тој ја малтpeтиpaл нејзината мајка, браќата и сестрите, но и дека подоцна со себе ги однел во странство постариот брат и двете помлади сестри.

И покрај лошиот однос со нејзиниот татко, Зорица вели дека имала среќно детство и дека нејзината мајка отсекогаш им пружала љубов и внимание, и дека секогаш се трудела ништо да не им недостига. Таа истакна и дека е многу поврзана со своите браќа и сестри, и дека редовно контактираат, без разлика што веќе со години живеат раздвоено.

Младата пејачка која деновиве се оствари во улога на мајка, и за време на бременоста редовно објавуваше фотографии на својот профил на социјалните мрежи.

Зорана во последните две години доста се промени, но и ретко се појавуваше во медиумите. Очигледно во последно време не е толку посветена на својата музичка кариера, а ако ги земеме во предвид обврските што се пред неа како мајка, најверојатно уште некое време нема да ја гледаме во јавноста.
Погледнете ги нејзините последни фотографии, но и оние од времето на „Задруга“ и „Пинк ѕвезди“.
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
