Се сеќавате ли на главниот актер од македонскиот филм „Илузија“? Еве како изгледа денес малиот Марко
Се сеќавате ли на малото момче кое ја имаше главната улога во македонскиот филм „Илузија“?
Илузија е македонски филм во австриска копродукцијаод 2004 година со Мустафа Надаревиќ, Владо Јовановски, Никола Ѓуричко, Дејан Аќимовиќ и Марко Ковачевиќ во главните улоги.
Филмот е режиран од Светозар Ристовски кој е и автор на сценариото во соработка со Грејс Леа Троје.
ФОТО: Инстаграм / Марко Ковачевиќ
Дејството на филмот се случува во Велес за време на првите години од независноста на Република Македонија.
Приказната се врзува за 13-годишното момче Марко Трифуновски чија улога ја игра Марко Ковачевиќ, талентирано момче што расте во семејство на татко пијаница, преплашена мајка од која нема никаква поддршка и промискуитетна, надмена сестра.
ФОТО: Инстаграм / Марко Ковачевиќ
На училиште, Марко е постојано малтретиран од соучениците.
За да избега од проблемите, Марко често игра шах на локалните гробишта сместени крај железничката.
ФОТО: Инстаграм / Марко Ковачевиќ
Марко денес е вистински убавец, а својот талент одлучил да го надгради во Лос Анџелес на академијата за глума каде авршиле актери како Марлон Брандо, Роберт Де Ниро и Бенисио Дел Торо.
ФОТО: Инстаграм / Марко Ковачевиќ
Марко е прв братучед со пејачките Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ, со кои е исклучително близок и постојано се дружат.
Еве како тој изгледа денес:
ФОТО: Инстаграм / Марко Ковачевиќ
ФОТО: Инстаграм / Марко Ковачевиќ
ФОТО: Инстаграм / Марко Ковачевиќ
ФОТО: Инстаграм / Марко Ковачевиќ
ФОТО: Инстаграм / Марко Ковачевиќ
ФОТО: Инстаграм / Марко Ковачевиќ