Се разведува „швалерот“ на Карлеуша – сопругата не му ги опрости експлицитните фотографии со познатата пејачка
Непромислениот потег скапо ќе го чини
Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш кој се најде во центарот на големиот скандал поради експлицитните фотографии со Јелена Карлеуша, поминува низ уште еден турбулентен период од својот живот.
Имено, бројните пораки и видеа што ги разменуваа тој и познатата српска пејачка, а кои се појавија во јавноста, наводно беа причина Врањеш и неговата сопруга Данијела да донесат одлука да се разведат.
https://www.instagram.com/p/BuGQ1THBVzR/?utm_source=ig_embed
„Огњен и Данијела решија да стават точка на својот брак. По скандалот со Јелена Карлеуша одлучија да се разведат, а Врањеш веќе се консултираше со адвокат и поднесе барање“, открива извор кој добро го познава парот, а прене српскиот таблоид Курир.
https://www.instagram.com/p/Butl9G8HM3t/?utm_source=ig_embed
Фудбалерот на левата страна од градниот кош го имаше истетовирано името на својата сопруга, но бидејќи во нивната љубов повеќе очигледно не цветаат рози, наводно решил нејзиното име да го покрие.