„КРВАРЕВ И СЕ ПРАВЕВ МРТВА“: ПОТРЕСНО сведоштво на жена од концертната сала во Москва (ВИДЕО)
Напаѓачите се уапсени во близина на границата со Украина
Жената која го преживеа масакрот во концертната сала во Москва во петокот вечерта кога според последните информации беа убиени 143 лица раскажа што се случило.
Таа се здобила со сериозни повреди, поради што завршила во болница, пишува „Гардијан“.
принтскрин
“Тие не видоа. Еден од нив истрча назад и почна да пука во луѓето. Легнав на подот и се преправав дека сум мртва. Почнав да крварам. Девојчето што лежеше до мене беше мртво”, изјави таа за „Russia Today“ и наведе дека напаѓачите пукале и во телата што лежеле на подот.
После тоа, според неа, избувнал пожар. Напаѓачите сакале на овој начин да ги убијат сите преостанати луѓе во салата.
„Избувна пожар, огнот почна да се шири. Ја затворија главната врата, но веројатно не можеа да ја заклучат. Лежев на подот во близина на вратата, едвај дишев. Почнав да ползам и така искочив надвор од Салата. Тоа траеше околу три до четири минути. После тоа ползев до излезот и излегов кога видов дека е безбедно“, рече жената која сакаше да остане анонимна.
Moscow shooting 🔫.
May the souls of the departed rest in peace.#MoscowAttack #MoscowUnderAttack #MoscowConcertHall pic.twitter.com/m25UjCKueW— Lifeissues11 (@AGINAS) March 23, 2024
Напаѓачите се уапсени во близина на границата со Украина.
Двајца се уапсени по бркотница со автомобил, додека другите двајца се фатени во шумата.