Се појави во Гранд ѕвезди и ја шармираше Карлеуша – „Изгледаш како арапска принцеза! Поубаво суштество од тебе немам видено досега“
Пејачката Азра Хусаркиќ, кога се појави на сцената на „Ѕвездите на Гранд“ не ги воодушеви сите како во првиот круг
Имено, убавата кандидатка на Ана Бекута овој пат изгледаше изморено на настапот и и’ недостасуваше енергија, а жирито тоа го забележи.
Според Карлеуша таа делуваше изморено бидејќи нејзините кафански песни не се баш најдобар избор.
„Ти дадов глас бидејќи немам ништо поубаво од тебе видено во животот, изгледаш како арапска принцеза, преубава си и имаш голем талент, а не заради песните кои се уморни и тажни… Фустанот ти е промашување, како и фризурата бидејќи се забележува надоградбата, а тоа не смее“, беше искрена Јелена Карлеуша кон младата пејачка.
Од друга страна пак, Саша Поповиќ прогнозираше дека Азра ќе стигне до финалето, па и честиташе на Бекута за начинот на кој ја подготвува својата кандидатка за вториот круг.
Повеќе нејзини фотографии погледнете во галеријата што следува: