Се пееше и веселеше: Синот на Ребека славеше полуматура – Маркијан на забава со другарчињата од „Златан Сремац“
Родителите пресреќни, децата весели, сите заедно се забавуваа.
Учениците од училиштето „Д-р Златан Сремац“ го прославуваа крајот на учебната година и полуматурата, па заедно со родителите беа дел од една прекрасна забава.
Маркијан, синот на нашата популарна пејачка Ребека Јанковска Ристески, славеше заедно со своите другарчиња, а неговата мајка беше посреќна од било кога.
Ребека и нејзиниот сопруг, докторот Милан Ристески, имаат три деца, синовите Маркијан и близнаците Макариј и Доротеј.
Семејството Ристески се вистински пример како се негуваат вистинските и добрите вредности.
Иако пејачката ретко зборува за својот приватен живот, за борбата со болест на нејзиниот прв син секогаш отворено и гласно зборува, се со цел некому да помогне.
Кога Маркијан имал само 3 месеци првпат добил епилептични напади. Понекогаш знаел да има и по 100 напади на ден, а за неговото лекувње потребни биле многу пари.
Тој страда од туберна склероза, но има прекрасно семејство кое прави сѐ што е во нивна моќ за да му помогнат и да му го олеснат животот.
Ребека, како една од основачите и претседателка на здружението „Дајте ни крилја“, направи многу за да се подобрат условите за живот на лицата со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби, а најмногу за тоа, многу од нив да ја добијат потребната, најчесто прескапа терапија која се најде на позитивната листа на ФЗО.
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски организира забава по повод полуматурата на учениците од ОУРЦ „Д-р Златан Сремац“, а оваа забава донесе огромна среќа и кај учениците, но и кај нивните родители.
Гордата Ребека не можеше да ја тргне насмевката од лицето и постојано го фотографираше својот
Маркијан додека се забавува со другарчињата.
Погледнете:
ФОТО: Фејсбук / Орце Ѓоргиевски
ФОТО: Фејсбук / Орце Ѓоргиевски
ФОТО: Фејсбук / Орце Ѓоргиевски
ФОТО: Фејсбук / Орце Ѓоргиевски
ФОТО: Фејсбук / Ребека Јанковска Ристески