Се очекува половина метар снег – Од петок доаѓа вистинска зима во градовите низ Македонија

Метеорологот Славчо Попоски постојано ја информира јавностa за наглата временска промена што доаѓа за време на претстојниот викенд.
Овој пат ќе се посветиме на она што не очекува според најновите ажурирања на метеоролошките модели, а тоа е дека од петок Балканот ќе биде погоден од снежна бомба и многу длабок циклон кој со продорот на студениот воздух од север ќе се формира над Јадранот (во центарот на овој циклон воздушниот притисок ќе биде неверојатно низок за нашите краишта, и тоа дури 978 htp – хехтопаскали во превод.

Со ова во целиот регион, како и во Македонија ќе има обилни врнежи од снег, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите), и ќе владее прекрасна снежна бајка. Сето ова ќе биде проследено со силен ветер од северен правец и голем пад на температурите на воздухот.
Викендот кој доаѓа ќе биде многу студен и снежен.
НАПОМЕНА: Промена на метеоролошките модели сеуште се можни, па затоа ги советуваме граѓаните да ги следат следните наши анализи.
Се на се, се повеќе и повеќе растат шансите од петок Балканот и Македонија да бидат зафатени од снежна бомба од Арктикот (Снежен циклон).

Од оваа Акртичка бомба ќе биде зафатена цела европа.
На официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски ќе бидат поставени метеоролошки карти на кој ќе може да се види длабокиот циклон кој по се изгледа ќе ни донесе обилни врнежи од снег од петок, а ова е само почеток, зимата сеуште не ни започнала.
Најсвежа информација:
Последните анализи го потврдуваат длабокиот снежен циклон кој ќе прави многу проблеми за време на викендот во регионот и кај нас, локално ќе наврне и над половина метар снег!
Проблеми ќе прави и силниот ветер кој ќе го има во целиот регион, но и кај нас, и тоа како се можни штети поради неговата огромна брзина и понекаде тој ќе достигнува брзина дури до 120 км/час, во Македонија до околу 80 или над 80 км/час!

Иако календарски незапочната, за прв пат оваа сезона зимата ќе го покаже вистинското лице и ќе ни донесе многу снег и ниски минусни температури на воздухот, пишува Славчо Попоски




