Реклама
Вирално

Се очекува одлука од македонската влада: Под кои услови угостителите ќе можат да ги отворат кафулињата

Реклама

Во очекување на денешната седница на Комисијата за заразни болести, по чии препораки македонската влада треба да одлучи за попуштање на досегашните рестриктивни мерки против ширењето на коронавирусот, угостителите излегоа со свои предлози за тоа како да се рестартира овој сектор кој веќе два месеци е затворен.

Согласно уредбата на Владата, во првата фаза се забрани целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници. Кафетериите можеа да продаваат кафе и безалохолни пијалоци без посета на гости односно да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од кафетеријата (преку штанд/пулт).

Маркетинг

Деновиве угостителите се во очекување на втората фаза при што треба да се дозволи отворање на кафетериите со ограничувања во однос на начинот на работа и со почитување на протоколите за превземање на превентивни мерки во услови на епидемија од COVID-19. На интернет е објавен следниот протокол за отворање на кафетериите секако со ограничено работно време соглано полицискиот час, како што во моментов работат продавнците за прехранбени производи и средства за хигиена.

Протокол за отворање и работа на кафетерии

    1. Ограничено работно време (до 18 часот)
    2. Се дозволува работа само на отворените делови (терасите) од кафетериите
    3. Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат
    4. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект
    5. На терасите за послужување на гости каде има поставено маси, треба да се обезбеди простор од најмалку 9,6 m² за една маса со 4 столови
    6. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса
    7. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалоци
    8. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
    9. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
    10. Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.)

Согласно епидемиолошката состојба, во третата фаза се дозволува воведување на редовна работа на кафетериите во целиот објект и се дозволува работа на барови, клубови, казина и спортски обложувалници со почитување на соодветен протокол.

Маркетинг

Според објавениот Протокол за редовна работа на кафетерии, барови, казина и спортски обложувалници, се очекува да се започне со редовно работно време, да се дозволи работа во целиот објект и да се ограничи бројот на гости, само на тие кои може да седат.

Останува обврската за задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект, во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, треба да се обезбеди простор од најмалку 9,6 m² за една маса со 4 столови, како и задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.

Ќе продолжат засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна, како и ззсилени санитарно-хигиенски мерки во самиот објект како и задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство на крајот на секоја смена.

Останува обврската за редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Во оваа трета фаза би требало да биде дозволено организирање на прослави со почитување на сите овие мерки и согласно капацитетот на угостителскиот објект.

Во рестораните за свадби, бидермаерот на невестата да биде дезинфициран, а да се доделува по принципот лотарија со влечење на бројче, е еден од предлозите на угостителските работници со цел да се запази традицијата, а да не се доведат во опасност ниту младенците ниту пак гостите на свадбените веселби кои во наредниот период се очекува да продолжат да се организираат при променети услови.

Денеска, Владата на Македонија треба да одлучи и колку ќе трае полицискиот час престојниот викенд, кој после велигденскиот четиридневен карантин станува полиберален.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button