Се омажи со 11 години помлад фудбалер и си замина од Македонија во Нов Зеланд – еве како живее сега
Нашата водителка Хелена Роза сите ја обожаваа, а во екот на популарноста замина од Македонија. Таа со семејството замина во Нов Зеланд каде заврши факултет и сега со сопругот имаат успешен бизнис
Таа во една пригода раскажа како помеѓу неа и поранешниот фудбалер кој е 11 години помлад од неа се роди љубов.
Хелена Роза (47) е поранешна водителка и сестра на пејачката Ребека која со години беше една од најпознатите дами кај нас.
Но Хелена веќе со години не живее во Македонија, туку во Нов Зеланд каде замина заедно со сопругот, ќерката Кјара и синот Тијан.
Инстаграм/ Хелена Роза
Нејзината ќерка Кјара што ја доби од првиот брак има 25 години и паралелно студираше два факултети, а синот Тијан наскоро ќе наполни седум и оди во основно училиште.
Инстаграм/ Хелена Роза
Инаку, Хелена и нејзиниот сопруг Игор кој е 11 години помлад од неа оваа година прославија 15 години љубов.
Поранешната водителка тогаш објави заедничка фотографија, а од нивните заеднички објави може да се заклучи дека љубовта им цвета како и првиот ден, но и дека големата разлика во години воопшто не им преставува никаква пречка.
Инстаграм/ Хелена Роза
Впрочем и Хелена и денес изгледа подеднакво добро како и во своите најдобри години, а според многумина што коментираат на социјалните мрежи, дури и поубаво од кога било досега.
Инстаграм/ Хелена Роза
Тоа може да се забележи и од нејзините објави на социјалните мрежи на кои секогаш блеска со својот се*ксапил, а кога е покрај саканиот, зрачи со љубов и убавина што ја имаат само оние жени на кои и од авион им се познава дека се емотивно исполнети.
„Мислам дека секоја жена бара сигурност од својот партнер и не само жена, секој човек бара сигурност од својот партнер во животот. Игор, иако е помлад од мене 11 години, отсекогаш ми давал сигурност. Јас немам гајле, знам каде и да одам и што и да ми се случи, кога Игор е со мене и кога Игор е покрај мене, јас знам дека ние како семејство ќе бидеме ОК. И тоа е многу битен момент, да го имаш и да го чувствуваш тоа кај својот партнер, сигурноста“, изјави во една пригода Хелена за Слободен печат.
Бонус галерија
Инстаграм/ Хелена Роза
Хелена Роза на свадбата кај Стефан Лазаров
Инстаграм/ Хелена Роза
Хелена на свадбата кај Стефан Лазаров се појави во фустан на Сесилија Канг, една од најпознатите креаторки на висока мода, не само во Нов Зеланд, туку и на Пацификот, а популарна е и во Кореја.