Реклама
Вести

Се огласи дедото на Данка Илиќ: Се тоа што се зборува на телевизија за моето семејство не е точно

Реклама

Потрагата по исчезнатата двегодишна Данка Илиќ е во тек, се проверуваат сите факти и сите лица кои се поврзани со исчезнувањето на девојчето, соопшти српската полиција.

Полициските операции се во тек, а како што вели дедото на девојчето, Милан Илиќ, нетрпеливоста го убива.

Милан на почетокот на разговорот истакнува дека нема никакви информации, ниту нови, ниту стари.

Маркетинг

– Разбирате, чекаме. Не убива нетрпеливоста, секоја секунда се надеваме дека ќе добиеме добри вести. Сè што слушам, слушам на телевизија. Милион работи и глупости, уште повеќе се разочарувам кога слушам кој е на гости и што зборува за моето семејство, а ништо од тоа не е точно. Ја знаат ли луѓето вистината – вели потресениот маж.

Маркетинг

-Верувајте ми… не ми е добро без нив – вели Милан за „Нова.рс“ и истакнува дека го гледал видеото кое се појавило на интернет.

– Го видов видеото, но не знам што да кажам. Сакам да верувам дека е така и дека ќе ја најдат во најбрз можен рок, не смеам ништо да кажам бидејќи полицијата работи, им веруваме, чекам вистинските луѓе да ме контактираат, заклучи Илиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button