Се налути Игор Џамбазов: „Пет пати ме умревте“
Познатиот македонски шоумен се налути, па се огласи на Инстаграм.
Џамбазов бесен на медиумите и шпекулациите кои се шират за него.
Освен што мора да се максимално професионални, познатите личности ја имаат таа „несреќа“, нивниот приватен живот да биде исто така пласиран во јавност.
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов
Игор Џамбазов е еден од ретките јавни личности кој секогаш искрено и отворено зборувал за својот приватен живот.
Иако доживеал многу турбуленции и имал тешки периоди, секогаш од секоја ситуација излегува посилен од било кога.
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов
Максимално е посветен на сѐ што прави и токму затоа е успешен во секоја професија со која се занимава.
Во последно време најпосветен е на музиката и реднов настапува низ Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов
Ужива слободното време да го поминува во Дојран, каде го наоѓа својот мир и спокој.
Познатите личности се навикнати за нив да се објавуваат лажни вести и шпекулации.
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов
Токму и Игор неколку пати доживеал за него да се зборува дека починал, па токму затоа се огласи и на Инстаграм:
Пет пати ме умревте, еднаш помен не ми дадовте. Ќе почнам да се лутам“.
Оваа објава предизвика бура реакции и насмеа многумина.