Се криеше од жена му, но таа успеа да го фотографира – познатата МАКЕДОНСКА ВОДИТЕЛКА успеа да го улови во лифтот!
Македонската водителка покажа дека може да направи сѐ што ќе намисли.
Елена Стојановска долги години е дел од ТВ етерот и една од најдобрите водителки во земјава.
Уште многу млада започна д се занимава со ова професија и досега има работено на различни проекти.
Долго време се заржа на утринската програма на Сител телевизија.
Она што ја издвојува од останатите е тоа што е една од ретките што се труди да го задржи правилниот изговор на македонскиот јазик, па навистина е мелем за уши да се слуша Елена наутро.
Освен со својот глас, Елена плени и со својот стас.
Може слободно да се каже дека е една од најубавите жени во земјава.
Без оглед дали е на работа или пак на рошетка, таа е секогаш средена од глава до пети.
Водителката никогаш не можете да ја видите во лошо издание, а она што го работи изгледа како да го прави со леснотија.
Освен што неуморно работи, таа е активна и на социјалните мрежи, па често споделува со своите фанови како изгледа нејзиниот работен ден.
Меѓу нејзиние фотографии на социјалните мрежи често може да се видат и фотографии од нејзините најблиски.
Семејството, како што таа смата вели, ја прави најсреќна.
Со нејзиниот сопруг Огнен таа е во брак од 2009 година.
Често нејзините објави се поврзани со него и не испушта можност јавно да го пофали, ниту да му изрази љубов.
Во една пригода објави негова фотографија на својот профил на Инстаграм и го пофали дека е „убав како турски глумец“.
„Ахх, она кога маж ти е убав како турски глумец“ – му поласка шармантната водителка тогаш на својот сопруг на шега.
Круна на нивната љубов е нивната ќерка Илина.
Елена вели дека се труди со Илина да има пријателски однос и дека минувањето време со неа најмногу ја опушта.
„Омилениот афтер ворк ми е кога спокојно со неа си го пијам попладневното кафе и ги откривам нејзините размислувања за нештата. Искрено, јас многу работи учам од нејзината мала, умна, убава главичка“, кажа Елена за Гламур.
Елена често се фотографира во лифт, а нејзиниот сопруг во тие моменти се труди да избегне фотографирање, затоа што како што самата вели, Оген мрази селфи во лифт.
Но, упорната водителка и овој пат успеа да го „улови“, а во опис на фотографијата напиша:
„Не сум сама на сликава, има еден човек што воопшто не сака селфи во лифт и се криеше од жена му, но таа сепак успеа да го сликне“.
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска