Енди Мекдауел (61) од поранешниот брак со Пол Квали го има синот Џасин (33) и ќерките Ренеј (29) и Сара (24). Таа на своите деца сака да им објасни дека никогаш не треба да чувствуваат срам поради своето тело
Познатата холивудска актерка Енди Мекдауел денес има 61 години. Таа прв пат пред камерите се разголи дури во 2017 година, за потребите за филмот „Love after Love“. Иако е горда што на нејзини години има такви прилики на филмски сет, сега и е жал што тоа не го направила и порано.
„Жал ми е што не снимав таква сцена во дваесеттите за да им покажам на децата и да им кажам дека човечкото тело не е ништо за што треба да се срамат. Пораснав во конзервативно семејство и во моето време разголените сцени ги глумеа двојнички“ – изјави Мекдауел.
За неа годините се само бројка
Во споменатиот филм убавата актерка глумеше лик кој е десетина години постар од неа и тоа воопшто не и беше проблем.
„Мислам дека можам да играм и такви улоги. Режисерот Расел Харбо многу ми помогна со своите совети околу глумата и разголените сцени. Филмот е поприлично уметнички така што нема зборови за евтина голотија, а Расел постојано ми зборуваше дека сум прекрасна и дека воопшто не треба да бидам загрижена за ништо“, заклучи актерката.