Се жени најмладиот син на Брена: Виктор и Сандра планираат свадба со 500 гости, еве кога ќе биде гала прославата
Најмладиот син на Лепа Брена, Виктор Живојновиќ најави дека наскоро ќе се венча со својата избраничка Сандра Миљаковиќ и дека планираат голема свадба, што ситуацијата го дозволи тоа.
Виктор и Сандра планираат венчавка во 2021 година, и тоа на раскошна гала свадба.
– Планираме гала – прослава со 500 гости. Ние од фамилијата Живојновиќ сме многу, така што планираме да најдеме голем простор на отворено. Нема да правиме свадба се додека потполно не се смири ситуацијата со коронавирусот. Но на Сандра и на мене не ми пречи да чекаме, ние се однесуваме како да сме веќе во брак, рече Виктор за српските медиуми. Идната невестата е родум од селото Будиловина кај Брус, а во Белград студира на Филолошкиот факултет и се занимава со шминкање, а со Виктор неодамна ја прославија првата годишнина од врската.
Виктор Сандра неодамна ја водеше на семеен одмор, по што откри дека целото семејство ја обожува идната снаа.
– Се најдобро велат за Сандра. Ја обожуваат, уживавме, се бањавме. Се возевме постојано. На мама и тато најмногу им годеше одморот, рече Виктор по враќањето од одморот со Сандра.