Се бараат работници со средно образование – почетна нето плата 30.000 денари, организиран превоз, храна и приватно здравствено осигурување
Hi-Tech Assembly Center (https://www.htac.com.mk/) е основан во 2018 година како инвестиција на Hi-Tech Corp. (www.hitech.com.mk) – водечки европски производител на електронски штампани плочи. Нашиот ‘state of the art’ објект кој се простира на површина од 8.000 м², ја користи најновата SMT и THT опрема за склопување на сите видови плочки по највисоките светски стандарди.
Во моментов отворено е следното работно место:
Оператори на линија за асемблирање
Опис на работно место:
Вршење операции на процесна линија
Следење на упатства и извршување на предвидени активности
Работа на машини, ракување со алати и опрема, извршување на производствени задачи во согласност со зададените инструкции
Следење на квалитет на производи по утврдени стандарди
Работни услови:
Работа во две смени, од понеделник до петок, и секоја втора сабота
Локација: Технолошко-индустриска развојна зона Бунарџик
Што бараме:
Завршено минимум средно образование
Со или без работно искуство
Познавање на англиски јазик
Способност за следење на работни инструкции и дисциплинираност
Што нудиме:
Организиран превоз од Скопје и Свети Николе
Обезбедена храна
Приватно здравствено осигурување за лојални вработени
Почетна нето плата од 30.000 денари
Целосна обука и поддршка од тимот
Доколку сакате да станете дел од тимот кој работи за најголемите брендови низ целиот свет, доставете кратка биографија на емаил hr@hitech.com.mk најдоцна до 01.09.2024 година.
Hi-Tech Corp. обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Hi-Tech Corp. и тоа само за процесот за селекција на кандидатите. Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на hr@hitech.com.mk.