Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем. Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.
Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 12 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.
Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama’s, Dr.Oetker, SebaMed, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.
Вработуваме:
Магационер
Опис на работната позиција:
Припрема и контрола на одвоената роба за достава (PSR и KAM купувачи) и испраќање до филијала.
Манипулација со роба во кругот на магацинот, а во согласност со поставениот план, процедури и по налог на претпоставениот.
Обезбедување на добри услови на складирање.
Одржување на хигиена во магацин
Услови и компетенции:
Основни услови: ССС
Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
Општи компетенции: Искуство во магацинско работење
Што нудиме?
Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
Работно време од понеделник до петок од 06:00 до 14:00 часот прва смена и од 14:00 до 22:00 часот втора смена
Конкурентна основна плата 30 000 денари и бонус по модел на продуктивност
Квартални награди за најдобрите работници
Исплата на минат труд и годишен регрес
Организиран превоз и надомест за превоз
Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
Погодности за купување со попуст и на рати
Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
Годишен одмор определен согласно Закон за работен однос
Обезбедена HTZ опрема
Одлична работна атмосфера и работа со најсовремена технологија
Различни мотивациски и тим билдинг активности.
Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на балканот и на афричкиот континент
Кандидатот е потребно да поседува подготвеност и страст за предизвици со кои ќе се соочи во првите 6 месеци бидејќи компанијата нуди динамична и мотивирачка средина!
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен и победнички тим, а сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 15.08.2024 год.
За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
https://nelt-mk.oneassessment.com/job/–0k36zlk
или испратете го Вашето CV во
Нелт СТ, ДООЕЛ
на ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје