Ние во ВИТА НОВА-ЗА веќе 18-та година сериозно ги следиме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат. Согласно промените носиме нови квалитети за нашите клиенти.
Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
ВИТА НОВА – ЗА објавува ОГЛАС за следнaтa работнa позициja:
Специјалист за продажба (м/ж)
Сектор: Продажба
Реон: Македонија/Косово
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
Извршува продажба, дистрибуција и наплата,
Координира испораки до клиенти
Планира продажба на месечно, квартално и годишно ниво,
Прави постојана анализа на продажба и пазарна структура,
Предлага акции, проекти и други активности со цел достигнување на планирана продажба,
Подготовка на месечен/неделен рутинг план и повратно информира за реализација,
Блиска комуникација со клиенти,
Изготвува извештаи за продажба и анализа на пазар,
Разгледува и информира за неделни планови; неделни пресеци на должници; подготвува други работи по опис на работно место.
РАБОТНИ УСЛОВИ:
Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци (период на докажување на способности), со можност за продолжување.
Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок.
Плата од 50,000 мкд до 70,000 мкд во зависност од остварувања и исполнување на таргети.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:
Минимум завршено средно образование,
Флексибилност за работа на терен,
Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
Професионално однесување,
Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност,
Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
Способност за индивидуална и тимска работа,
Позитивен однос кон промени,
Работа на компјутер (MS Office пакет),
Поседување возачка дозвола Б – категорија, активен возач
Познавање на назначениот регион,
Одлично познавање на англиски јазик
Потребно искуство: Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: info@vitanova.com.mk со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Рок за пријавување: 12.06.2024
Повеќе инфо имате тука