СЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ – Почетна плата 28 000 денари!

Порталот Пари ексклузивно открива какви биле просечните нето-плати во трговските синџири кои лани имаа најголеми добивки.
Во овие нето-плати, покрај основната плата, се вклучени и разни додатоци, како на пример за работа на празник или работа во недела, за оние маркети на кои тоа им е дозволено.
Податоците откриваат дека Кит-го, кој лани остварил профит од 2,5 милиони евра, давал најмали плати. Таму просечната нето-плата со додатоците била 22.274 денари. Синџирот вработува 811 работник.

Потоа, втор, но од опашката, е Верополус, кој лани успеа да направи најголема добивка, од над 9 милиони евра. Таму просечната нето-плата со додатоците била 22.773 денари, а има 969 вработени.
Најголема просечна плата, пак, давал Кам. Тој е втор на нашата листа на анализирани трговски синџири по добивка. Минатата година реализирал добивка од 4,9 милиони евра, а просечната плата за 1.144 вработени била 29.474 денари.
Втора по големина просечна нето-плата е во Рамстор, каде што нето-просекот за 634 вработени е 26.797 денари. Зад него е Стокомак, со сличен број на вработени – 648, и со просечна нето-плата од 25.880 денари.
„КАМ маркет“, најпосакуваниот работодавач за изминатата година, третпат годинава ги зголемува платите на своите вработени во маркетите во Скопје.

Со новото покачување, основната почетна плата за касиери е за 29% повисока од законската минимална плата, односно изнесува 28.000 денари со можност за исплата со додатоци и бонуси да достигне и над 31.000 .
Дополнително, компанијата континуирано нуди обука за оние кандидати кои немаат искуство во трговија.
„КАМ“ во континуитет го држи првото место меѓу маркетите, со исплатени највисоки просечни нето-плати со додатоци. Новото зголемување е дел од стратегијата на компанијата, каде што грижата и развојот на човечкиот капитал е еден од најважните приоритети.

Неодамна „КАМ“ ја прошири и листа на бенефиции – го зголеми регресот за годишен одмор на 37.600 денари и воведе колективно осигурување за сите вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработени чие живеалиште е оддалечено повеќе од 5 километри од маркетот во кој работат.
Оваа листа веќе опфаќа значителни придобивки, како што се слободен ден за роденден, ваучер за склучен брак, пакет производи за Бадник и Велигден, попусти за одмор во хотелот „Вилиџ“ итн.
КАМ вработува персонал за новиот маркет во СКопје кој наскоро ќе започне со работа!
Сите огласи може да ги подледнете подоле

Фото Кам

Фото Кам

Фото Кам
Повеќе детали може да најдете на следниот ЛИНК




