Оffice people Ltd e меѓународна компанија за регрутација која обезбедува HR услуги и решенија. Нашата мисија е едноставна: Ние ги поврзуваме луѓето и можностите.
Станува збор за голема, реномирана, интернационална компанија.
Локација: Скопје и Кичево
РАботни позиции во градежништво
Опис на работата:
Компанијата бара мотивирани и искусни лица за повеќе позиции во градежниот сектор. Позициите опфаќаат:
Општ работник: Општи градежни активности, помош на работното место, одржување на чистотата и редот.
Виљушкарист: Управување со виљушкар, товарење и растоварање на материјали.
Оператор за бетонска база: Управување и одржување на бетонската база, следење на производството на бетон.
Оператор за машина за произведување бекатон коцки: Управување со машина за произведување на бекатон коцки.
Оператор за дробилка (каменолом): Управување со дробилка за камења, следење на производството на дробен камен.
Армирач
Тесар
Работни услови:
Плата во опсег од 40,000 до 60,000 денари, зависно од позицијата и искуството.
Приватно здравствено осигурување.
Обезбеден превоз до и од работното место.
Обезбеден еден оброк за време на работниот ден.
Работа на полно работно време со флексибилни работни часови.
Потребни квалификации и способности:
Претходно искуство во градежниот сектор е предност.
Способност за работа во тим и самостојно.
Физичка подготвеност и способност за работа во динамични услови.
Способност за управување со машини (за операторските позиции).
Одговорност и почитување на безбедносните мерки.
Личен профил:
Дисциплиниран и мотивиран работник.
Способност за работа под притисок и во различни временски услови.
Тимски играч со добри комуникациски вештини.
Способност за брзо учење и адаптација на нови задачи
Што нуди компанијата?
Конкурентна плата во согласност со искуството и вештините.
Приватно здравствено осигурување.
Можност за професионален развој и напредување.
Работа во стабилна и реномирана компанија со долгорочни проекти.
Рок за пријавување: 26.08.2024
Како да аплицирате:
Аплицирајте со испраќање на вашето CV на irena.aleksova@office-people.rs
Аплицирајте со јавување на 078 311 791
Повеќе инфо имате тука
Забелешка: Максимално ја почитуваме приватноста и доверливоста на нашите кандидати. Името на компанијата што вработува ќе им биде откриено на кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција