Вести

Се бараат работници – Плата до 80.000 денари!

Advertisement

 

Advertisement

Имаме потреба од
Раководител на сметководство

град – Неготино

плата – 80.000 денари

времетраење – Определено

Рок за пријавување: 


Услови за извршување на работното место:

VII степен стручна подготовка од економска струка, со уверение за овластен сметководител
Работно искуство од најмалку 3 години на исти или слични работни места
Познавање на англиски, хрватски и српски јазик

фото пекселс илустрација

Компјутерски вештини за работа на компјутер
Организациски и аналитички вештини, работа под притисок, способност за тимска работа, самоиницијативност и способност за стратешко размислување и планирање, одлучност

Опис на работното место

ги следи и проучува сметководствените прописи и стандарди,
изготвува сметководствени биланси на успех и состојба и други пропишани извештаи на годишно, полугодишно и месечно ниво,
работи на подготовката на годишниот план на трошоци и други финансиски извештаи,
врши пресметка, како и сите извештаи во врска со ДДВ; подготвува месечна пријава за ДДВ,
работи на подготовката на ревизорски извештаи и консолидирани биланси,
подготвува и усогласува аналитички и синтетички контен план,

ги анализира состојбите на контата во главната книга и билансот на состојба,
презема, контролира, контира и книжи дојдовни и појдовни документи во главната книга,
ги усогласува книжењата на контата на купувачите и добавувачите со книговодствената евиденција (IOS обрасци),
ја води, усогласува и книжи книгата на основни средства со главната книга,
изготвува извештаи за состојбата на залихите и ја усогласува состојбата со финансиското сметководство,
изготвува преглед на тековната вредност на долгорочните и краткорочните средства,
книжи благајнички извештај и го контролира,

фото пекселс илустрација

ја подготвува и контролира пресметката на плати и ја усогласува со пресметковната група,
месечно го следи работното време и внесува податоци во корисничката програма за плати и додатоци на плата (ноќна работа, прекувремена работа, работа во сабота, работа во недела, работа на државни празници) на ниво на компанија,
ја организира, ја следи динамиката на подготовка на плата и го пријавува потребниот износ за исплата на плата,
подготвува пресметка на амортизација на средствата и аналитичка евиденција на тековните инвестиции,

ја контролира формалната и математичката исправност на дојдовните фактури, договори и решенија,
пресметува затезна камата, го контролира пресметувањето на каматата, опомените и изводите на отворените ставки,
ја контролира и складира/архивира сметководствената документација,
е одговорен за спроведување на работата и работните задачи од делокругот на описот на своето работно место и за контрола на извршувањето на работата и работните задачи на работниците со кои раководи,
врши други работи по наредба од претпоставениот

Директен претпоставен:

Раководител на финансии и сметководство – CFO (финансиски директор)

Лице за контакт: Тони Делков – 071/280-777

Имаме потреба од
Референт за финансии

град – Неготино

плата – 60.000 денари

времетраење – Определено

Рок за пријавување: 

Услови за извршување на работното место:

V-VIА степен стручна подготовка од економска насока
Работно искуство од најмалку 12 месеци на исти или слични работни места

фото пекселс илустрација

Пожелно е познавање на англиски, хрватски и српски јазик
Компјутерски вештини за работа на компјутер
Работа под притисок, способност за тимска работа, решителност

Опис на работното место

ги следи и проучува сметководствените прописи и стандарди,
ја подготвува документацијата за домашни и странски платни трансакции за плаќање,
врши плаќања на домашни и странски клиенти,
ја евидентира документацијата за платните трансакции во земјата и странство,
ја комплетира документацијата за платен промет и ја доставува до Сметководството,

фото пекселс илустрација

ги комплетира изводите со прилози, ги контира и шифрира, книжи изводи од банка,
врши благајничко работење, подига готовина од банка, изготвува благајнички извештај,
ја води книгата на примени и издадени меници и го следи нивното реализирање,
ја евидентира и се грижи за плаќање на закупнина, побарувања за отштета, судски и други такси и за пренос на парични средства на сметки,

ги усогласува сметководствените биланси со клиентите и добавувачите и ги истражува спорните уплати и исплати и поднесува жалби за спорните ставки до финансиските институции,
ја контролира пресметаната камата и приливот на средства врз основа на домашни и странски побарувања,

ги евидентира обврските и плаќањата направени по сметки-ситуации и со секој поединечен клиент,
води евиденција за наплатата на излезните фактури,
пресметува и контролира курсни разлики за кредити, како и за девизни трансакции,
ги разведува плаќањата во книги за појдовни и дојдовни фактури,

внесува обработени фактури во финансиската програма на корисникот,
ги обработува и контролира сите сметки, благајна, плати, дневници, службени патни трошоци,
ја проверува, распоредува и контира сметководствената документација,
води евиденција и ја архивира целата документација на Одделот,
утврдува осигуреност на штетен настан, врши финансиска контрола, ја контролира примената на

фото пекселс илустрација

Правилникот за штети, обработува побарувања за надомест на штета од трети лица, правни или физички лица,
врши и други работи во рамките на стручноста и работното искуство, согласно потребите од делокругот на работа, а според налозите на финансискиот директор и раководителот на сметководство.

Директен претпоставен:

Раководител на финансии и сметководство

Лице за контакт: Тони Делков – 071/280-777

Повеќе инфо тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button