Се бараат работници – основна плата до 49.000 денари!

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје распишува
О Г Л А С
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 3 (три) месеци (со можност за продолжување), во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на работно место систем администратор – јуниор во Сектор за системски софтвер во Дирекцијата за информатички технологии.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено високо образование од областа на информатичките технологии;
Познавање на администрација на оперативни системи и пропратни сервиси;
Познавање на Microsoft SQL Server;

Познавање на програмски јазици С#, C++, SQL.
Претходно работно искуство од 1 година;
Работното време за горенаведеното работно место, е од 08:00 часот до 16:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 49.000 денари.
Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
• Писмо за мотивација;
• Кратка биографија;
• Копија од диплома за завршено образование;
• Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
• Препорака од претходен работодавач;
• Уверение од кривична евиденција.
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. – Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
лице за контакт:
Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид
Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје распишува
О Г Л А С
За вработување на 3 (тројца) работници на определено време од 4 (четири) месеци (со можност за продолжување) во „Макпетрол“ А.Д. Скопје, и тоа:
2 (двајца) работници на работно место пожарникар – обезбедувач во Единица за заштита од пожари и приватно обезбедување во склад Илинден – Илинден.
1 (еден) работник на работно место пожарникар – обезбедувач во Единица за заштита од пожари и приватно обезбедување во Полнилница Миладиновци (ТНГ) – Скопје.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно образование – техничка насока;
Со или без работно искуство;
Лиценца за физичко обезбедување;
Уверение за стручно оспособување за пожарникар;
Познавање од аспект на заштита од пожари, заштита и спасување;
Познавање од аспект на приватно (физичко) обезбедување.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до сабота.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 23.000 денари.
Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
• Писмо за мотивација со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
• Кратка биографија;
• Копија од диплома за завршено образование;
• Копии од други уверенија, дипломи или сертификати;
• Препорака од претходен работодавач;
• Уверение од кривична евиденција.
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. – Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
лице за контакт:
Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.




