Вести

Се бараат работници – Основната нето плата 31.900 денари!

Advertisement

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е производител на цемент и на други градежни материјали.

Како членка на Групацијата ТИТАН, работи според најдобрите светски практики водејќи грижа за потребите на општеството и одржливиот развој преку одговорност и интегритет.

Advertisement

УСЈЕ е основана во 1955 година и денес е една од најголемите домашни компании со значаен придонес во развојот на земјата.

Вработува повеќе од 250 вработени, a преку соработката со локални добавувачи и изведувачи овозможува создавање нови работни места. Компанијата управува со 3 рудници – рудник за лапорец Усје, рудник за варовник Говрлево и рудник за песок.

Покрај производството на цемент, УСЈЕ поседува и погон за готов производ и агрегати, во кој произведува различни видови бетон. Со своите производи го снабдува домашниот пазар, како и пазарите во регионот (Косово, Албанија и Бугарија).

Цементарница УСЈЕ создава вредност преку трансформација на суровините во основниот градежен производ – цементот, служејќи ѝ на општествената потреба за квалитетно, безбедно и трајно домување и инфраструктура.

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН објавува оглас за вработување на Теренски помошник оператори во Погон за производство

Одговорен за следење и контрола на правилната и точната работа на процесната опрема, како и помагање во водење на технолошкиот процес на подготовка на суровинско брашно, процес на добивање готов производ, пакување и палетизирање на цемент и усјемал во склад со процедурите за работа.

За време на застои и заглавување учествува во отстранувањето на дефектите, одглавувањето, и расчистувањето на Погонот. Работното време се одвива во три смени.

Основната нето плата за работното место изнесува од 31.900, додека платата се зголемува со додатоците за сменско работење и прекувремена работа.

Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Kвалификации на кандидатите:
CCC/IV степен стручна подготовка
Претходно работно искуство од 1 година ќе се смета за предност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk во делот „Кариера/Придружете ни се“ или да достават CV во архива во просториите на Цементарница УСЈЕ.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју

Повеќе инфо на следниот линк

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button