Сестра му на Стефан Лазаров со еден потег го „запали“ интернетот – ова е фустан што го поматува разумот
Од овој тренд нема да побегнете - ЖИВОТИНСКИ ПРИНТ на сите страни!
Животински принт (animal print) е модниот хит за престојната сезона. Веќе излозите се преплавени со парчиња си секаков вид кој потестува на крзната на дивите животни. Леопард, тигар, змија, зебра … се најчестите принтови кошто дамите ќе ги носат.
Некој го обожава, некој не може да го поднесе, таков е овој тренд кој од време на време се враќа на модната сцена.
И Македонките го сакаат овој тренд, дел од познатите личности веќе ги видовме со своите јавни појавувања облечени во овој моден тренд.
Актерката Марија Лазарова, сестра на популарниот јутјубер Стефан Лазаров се одлучи да го носи најпопуларниот принт и одбра фустан со леопардски принт. Погледнете како ѝ стои.
Долгиот фустан има лесен пад, отворен е во деколтето со длабог V-отвор.
Во продолжение неколку предлози како да го комбинирате животинскиот принт, а да не делувате евтино, како за на маскенбал. Носете здолниште со принт искомбинирано со црна ролка и црни чизми или фистан со принт покриен со широк еднобоен блејзер. Овој тренд одлично оди и со патики ако добро ги вклопите.
Еве неколку интересни идеи.