Семејството на Шаулиќ ја доби оштетата од трагедијата – 200.000 евра, но на Гордана не и остана ништо – еве што направи со нив
![](/wp-content/uploads/2021/02/gordana.png)
Денес се навршуваат две години од смртта на Шабан Шаулиќ кој загина во близина на германскиот град Билефелд.
![](/wp-content/uploads/2020/12/shaban13.jpg)
Оттогаш, членовите на неговото семејство, освен неговата ќерка Илда, ретко се појавуваа во јавноста, а уште поретко зборуваат на болната тема.
Вдовицата Гордана Шаулиќ сè уште не соопштува, а како што дознава Курир.рс, се очекува да се одреди датум за продолжување на судењeто на Алсин Левент, кој го предизвика судирот во кој зaгинaа две лица, меѓу кои и кралот на народната музика.
![](/wp-content/uploads/2020/12/shaban9.jpg)
Исто така, дознаваме од луѓе од семејната средина, Гордана го решила прашањето за животно осигурување на кралот на народната музика.
Според нив, вдовицата на Шабан минатата година добила близу 200.000 евра од австриската осигурителна компанија бидејќи Шабан им плаќал пари во случај на неcpеќа или повpеда повеќе од една деценија.
![](/wp-content/uploads/2020/12/shaban8.jpg)
Од тие пари, вели еден од соговорниците на Курир.рс, Гордана вратила дел од долгот што го имала затоа што однапред зела пари за настапите на Саулиќ, а тоа е сума близу 250.000 евра.
На некои сопственици на дискотеките ги вратила парите на рати пред две години, така што побарувањето било речиси целосно решено. Останатите пари од добиеното животно осигурување Гордана му го дала на синот Михајло за џипот марка „мерцедес“.
![](/wp-content/uploads/2020/12/shaban7.jpg)
Вдовицата на Шабан, освен подмирените долгови, не мора да се грижи ниту за својата финансиска состојба, затоа што доби пензија што нејзиниот покoен сопруг ја плаќал во Австрија.
Иако претходно се шпекулираше дека станува збор за 2.000 евра месечно, според информациите, станува збор за значително помала сума – 850 евра. Инаку, по трагедијата, Гордана се иселила од куќата во која живееле на Дедиње.
![](/wp-content/uploads/2020/12/shaban6.jpg)
Тоа е прекрасна вила што двајцата ја градеа долги години, со намера да ги поминат пензинерските денови од нивниот живот во неа, кога Шаулиќ ќе престанел да пее. Имајќи предвид дека нивната голема желба не била исполнета, Гоца решила да се пресели во станот во кој претходно престојувало семејството и таа ја изнајмува вилата на амбасадори за, наводно, 5.000 евра месечно.
![](/wp-content/uploads/2020/12/shaban5.jpg)
Извори блиски до семејството на покojната ѕвезда ни велат дека сопругата на Шабан не сакала да живее сама во таква куќа, чија одржување е многу скапа, па проблемот го решила изнајмувајќи ја.
Иаку короната го одложи судењето на обвинетиот.
Пред неколку дена за прв пат прозборе и кумот на Шабан Шаулиќ кој беше тешко повреден во неcpеќата и за која вели дека не знае ни тој како преживеал.
![](/wp-content/uploads/2020/12/shaban3.jpg)
Тој раскажа дека кога се осветил по несpeќата докторите му кажале дека го спасиле ангели, не еден туку илјада бидејќи каде што бил сударот кумот на Шаулиќ бил токму таму седнат, а исто таа открива дека пејачот тој ден бил многу неровозен и се брзал што побрзо да си оди.
И исто така додава дека Шабан никогаш не сакал да се врзува со појас, но тој ден тој го сторил тоа, исто така открива дека Шабан Шаулиќ му направил место на својот кум за да се смести подобро, да не се искривува. Исто така кумот жали за тpaгедијата која се случила и дека секој ден го преживува тој ден. Кога и да може малку да заборави болките кои ги чусвтвува во неговото тело го потсетуваат на тој кобен ден.
![](/wp-content/uploads/2020/12/shaban2.jpg)
![](/wp-content/uploads/2020/12/shaban1.jpg)
![](/wp-content/uploads/2020/10/shaban.jpg)
![](/wp-content/uploads/2020/12/shaban4.jpg)
![](/wp-content/uploads/2020/12/shaban14.jpg)