Секси фустан со голем отвор, разголен стомак и грб – Гавазова се појави и го украде шоуто (фото)
Пејачката во бело од глава до пети...
И овој пат никого не остави рамнодушен
Нашата позната фолк-пејачка Сузана Гавазова имаше настап на популарниот фестивал на народна музика „Роса фест“.
Таа за оваа пригода реши да се облече елегантно, но и провокативно во исто време, а кога се појави на сцената го украде шоуто.
Имено, познатата пејачка на себе носеше бел фустан со голем прорез во пределот на половината кој како да беше само за неа сошиен.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа беше во добро расположение и уживаше на настапот, а богами уживаше и публиката кога почна да „меша“ со своето тело..
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Како изгледаше сето ова, но и како звучеше изведбата на Гавазова на сцената, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, ова беше 24-то фестивалско издание на овој наш познат фестивал кој се одржи во Домот на АРМ во Скопје.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фестивалот иако е од ревијален карактер, и оваа година доделија три награди за животно дело, од кое едната беше постхумна. Наградени беа Цветанка Ласкова, орце Зафировски и постхумно Тодор Трајчевски.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Покрај Гавазова на фестивалот учествуваа и многу други популарни имиња од нашата фолк-сцена, а меѓу нив Благица Павловска, Благоја Грујовски, Стојне Николова, Ирена Спасовска и многу други.