Секоја жена ќе и позавиди: Нашата позната водителка живее КАКО КРАЛИЦА – погледнете како ја чува сопругот
Ова го посакува секоја жена, а нашата популарна водителка тоа ѝ го има.
Живкица може да се пофали дека сопругот ѝ е максимална поддршка, но и помош и околу домаќинството, а тоа ѝ е потребно на секоја жена.
Водителката Живкица Ѓурчиновска, сега веќе Каленикова, е еден од најпрепознатливите радио-гласови и едно од најпрепознатливите ТВ лица во Македонија. Денес освен со телевизискиот ангажман, исто така има и полнно работно време како мајка на Даријан, Марко и Ана.
И покрај тоа што во рок од само три ипол години донесе на свет три деца, Живкица е во топ-форма и изгледа можеби и подобро од било кога. За својот изглед вели задолжени се гените, но и тоа што редовно вежба, затоа што е голем гурман и сака многу да јаде.
Многупати во своите интервјуа има истакнато дека е прекрасно што таа и нејзиниот сопруг Зоран имаат големо семејство и дека кај нив дома е секогаш весело и динамично.
И двајцата важат за големи хедонисти, а најмногу уживаат во патувањата.
Постојано се некаде во движење, а децата се секогаш со нив.
Живкица е активна и на Инстаграм, каде често споделува и објави поврзани со нејзиното семејство.
Овој пат се пофали како ја чува сопругот.
Подготвен ручек за целото семејство – вкусни пици, направени токму од Зоран. На здравје Каленикови!
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова
ФОТО: Инстаграм / Живкица Каленикова