Во Јапонија се очекува дека секое нешто што сте го започнале – ќе го завршите (до крај).
Секогаш вратете ја услугата
Во Јапонија брзо се учи не само да прифатите услуга, туку и да ја вратите. Не мора да биде ништо големо, но треба да се покаже благодарност. Ако, на пример, некој ви помага да внесете нов кауч во куќата (стан), тогаш за возврат купите барем пијалок.
Вашата љубезност треба оди подалеку од “Благодарам” и “Збогум”
Љубезноста и манирите се многу важни во јапонската култура. Ако побарате некој на улиците да ви ја покаже улицата, или случаен минувач ќе нацрта мапа или ќе ве однесе до местот каде што треба да одите. Љубезноста во овој случај значи несебичност, а тоа уште повеќе го значи следното
Ставете ги другите пред вас
Најдобар начин да им покажеме на другите колку е важно да ги ставиме во прв план. Да им направите мали отстапки, услуги. Во јапонските домови, има дури и посебно место за гости, што е речиси најубаво место во куќата.
Никој од групата не е исклучен
Не постои такво нешто како да излегувате на пијалок или на забава, и да одите само со колега или колеги. Сите се поканети! Значи нема непријатни моменти кога некои луѓе подоцна сфаќаат дека не биле повикани. Кога сите се повикани тоа не учи да бидеме толерантни кон оние што се поразлични од нас.
Јапонците знаат да слушаат
Јапонците секогаш ќе ви дадат шанса први да го искажете своето мислење. Тие знаат да слушаат! Многу е важно да се слушаме едни со други и да не се натпреваруваме кој прв ќе каже нешто. На овој начин, стануваме потолерантни и помалку ги осудуваме различните ставови и мислења. Без оглед на темата, јапонците сакаат да разговараат мирно, а не да се расправаат и да ги наметнуваат своите гледишта едни на други.
Направете најдобро што можете
Не постои соодветен превод за Ганбару (Ganbar). Имено, многумина се откажуваат од нешто кога учат дека тоа бара повеќе време, пари и енергија отколку што го планирале за него. Во Јапонија се очекува дека секое нешто што сте го започнале – ќе го завршите (до крај).
Ветувањето треба да се исполни
Во Јапонија, кога некој ви ветува нешто, тој навистина тоа и го мисли. И тоа не заборава, без разлика на било што. Тие ќе дојдат ако ви рекле така, дури и кога надвор врне дожд. Ако случајно не можат да дојдат, веднаш ќе ви се јават да се извинат, или ќе испратат некого наместо нив.