Реклама
Вирално

Сега сите ќе кажат дека сум глупава кучка од Америка, но морам да го кажам ова за Балканците

Реклама

Американската блогерка Вандо која живее во Белград попозната како The Amerikanka во своето последно видео објасни како е кога имате момче од Балканот и колку Србите и Хрватите се поинакви од мажите од другите земји кога е во прашање односот кон жените.

Претходно била во врска со Италијанец, како и во врска на далечина со Германец, но и со Балканец кој живее во Америка, но за неа не е исто како со Балканец кој живее тука.

Маркетинг

Балканците се многу посилни, но не мислам физички, туку емоционално и како се однесуваат кон вас, од моето искуство, не ги поднесуваат вашите испади и немаат трпение за вашата пречувствителност. Сите мои поранешни момчиња, кога се чувствував тажно или бев разгалена, беа чувствителни и стрпливи. Тука имам чувство како сите да ти велат: „Премине преку тоа, престани да плачеш и порасни“, изјави таа и додаде дека била во врска со Хрват.

„Неодамна се скаравме, признавам. Бев пречувствителна. Да бев со некои од моите поранешни ќе ми кажеше ’Вандо, тука сум за тебе, душо те сакам. Но мојот Хрват ми кажа ’Вандо, ова е толку глупо, ако продолжиш така да се однесуваш ќе си одам дома’. Си кажав самата на себе – Срање, ќе ме остави тука. Морам да се соберам или ќе останам без фраер“, вели таа. „Балканците се искрени, па дури на моменти и безобѕирни. Како пример за тоа наведува дебелењето. Ако сте се поправиле Балканец веднаш ќе ви го каже тоа, додека сите останати ќе се прават како се да е во ред.“

Маркетинг

 

„Балканците се искрени и љубоморни, додека другите не се на тој начин. Освен моето момче од Италија, кој ми ги проверуваше и пораките на Фејсбук, и кој навистина беше ноќна мора, Балканците се малку љубоморни, не се посесивни. Во прашање е љубоморен мачизам. Брзо ќе ги избркаат момчињата кои покажуваат интерес за нивната девојка и мислам дека тоа е многу секси“, вели таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button